Дали босите бебиња се посреќни? Еве што вели науката

Науката тврди дека обувките всушност ги гушат растот, развојот и слободата на детето. Дали вие им дозволувате на вашите бебиња и деца да бидат боси?

0
203

Вашето бебе постојано ги соблекува чевличките, а вие постојано одново му ги облекувате? Науката тврди дека обувките всушност ги гушат растот, развојот и слободата на детето. Имено, многу родители сè уште веруваат дека босоногото одење може да предизвика почести настинки и дека е непристојно. Но, ако бебињата се чувствуваат пријатно и среќно и можат да се развиваат и да истражуваат правилно, зошто да не ги оставите боси?

Една статија објавена од мадридскиот универзитет Complutense силно заговара оставање на бебињата боси.

„Кога ќе ги облечат чевлите, тие се лишени од корисни перцептивни информации што можат да играат суштинска улога во нивниот централен нервен систем“, наведуваат тие.

Експертите од овој универзитет објавиле студија наречена Превентивна педијатрија: Босоногите бебиња резултираат со попаметни деца.

Имено, тие во текот на целото истражување ја критикуваат продажбата и рекламирањето обувки за „шетање“ за децата и претераната педијатриска препорака дека чевлите мора да бидат на ноџињата, што е чин потребен само за одржување на топлината на стапалата, велат експертите.

Џентил Гарсија предупредува дека покривањето на нозете на детето ја лишува перцепцијата на положбата и движењето на нивното тело во однос на просторот. Според овој експерт, моторните способности на босите деца созреваат побрзо, со визуелна и рачна координација. Затоа, тој ја нагласува важноста да се остават бебињата боси и тврди дека стапалата претставуваат пат што го информира бебето за надворешниот свет преку кој тоа се запознава со различни површини и текстури.

Во областа на неврологијата, се верува дека стапалата на децата се почувствителни на допир отколку рацете додека децата не наполнат десет месеци, па затоа во текот на овие први месеци од животот стапалата вршат битна функција на нивното експериментирање. Возрасните честопати се чувствуваат нервозни кога гледаат боси бебиња, но на децата им е многу поудобно и попрво би биле голи и боси отколку да се облечени и обуени. Оваа студија ја смирува загриженоста покажувајќи дека, покрај тоа што босоногите деца се посреќни, тоа придонесува и за подобро и побрзо стекнување координација и помага да се воспостави подлабока врска со околината.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]