Дали се обидувате да имате бебе?

Експертите откриваат кое е најдобро време за интимен однос

0
140

Најдобриот дел од денот за зачнување се утринските часови, велат научниците. Истражувањето спроведено на Универзитетската болница во Цирих покажало дека сексот пред 7:30 часот ги зголемува шансите за забременување. Тие објаснуваат дека ова е последица на внатрешниот часовник на ејакулатот. Утринското време е подобро за спермата, во однос на ноќта.

Над 7.000 мажи учествувале во оваа студија во Универзитетската болница во Цирих. Тимот открил дека примерокот од семе собран во текот на пролетта има посилна концентрација на сперма и е забележано намалување кај примероците собрани во текот на летото.

Партнерите кои се обидуваат да забременат треба да имаат интимни односи наутро во текот на март, април и мај. Овие три месеци имаат највисоки резултати за зачнување. Според истражувачите и експертите, семето е во најздрава форма и големина во текот на пролетта.

Истражувачите се надеваат дека оваа информација ќе им го олесни зачнувањето на паровите, особено ако досега се бореле и се надеваат дека оваа студија ќе го зголеми успехот на третманот со вештачко оплодување, а целата студија е објавена во научното списание Chronobiology International.

Медицинската директорка на клиниката за плодност во Прага, д-р Хана Виснова, објаснила за Мејл Онлајн (Mail Online): „Собирањето на сперматозоиди е витален аспект на секоја постапка за ин витро оплодување. Значи, ако можеме да ја максимизираме силата на примерокот, тогаш тоа треба да се поттикнува“.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]