Повеќето тинејџери не се ментално и емоционално подготвени да се вратат на училиште

Анкетите покажуваат дека 54 проценти од 16-годишниците и 17-годишниците ширум светот не се подготвени да се справат со стресот заради враќањето на училиште, а само 31 процент од учениците мислат поинаку.

0
531

На есен оваа година, повеќето училишта се враќаат на настава во живо. Како што животот низ целиот свет почнува да се нормализира, така и училиштата со нетрпение очекуваат повторно да ги наполнат училишните клупи. Но, анкетите покажуваат дека повеќето тинејџери, наместо возбуда, чувствуваат вознемиреност и стрес поради враќањето во училницата. Анкетите покажуваат дека 54 проценти од 16-годишниците и 17-годишниците ширум светот не се подготвени да се справат со стресот заради враќањето на училиште, а само 31 процент од учениците мислат поинаку.

Интернет-анкетата е спроведена на иницијатива на Navigate 360 ​​во март 2021 година и била објавена во списанието Форбс. Додека враќањето на старото е возбудливо за некои деца кои биле во карантин, повеќето не гледаат така на враќањето во нормала.

Сè уште не ги гледаме целосните емотивни и психолошки последици од пандемијата, која не погоди сите – од најмладите, кои пропуштија добар дел од предучилишното и училишното образование, до најстарите, на кои им е забрането дружење со нивните семејства – но можеме со сигурност да кажеме дека децата и тинејџерите на училишна возраст трпат голема образовна, па дури и психолошка загуба со која, како што се приближува есента, мора да се соочуваат сè повеќе и повеќе.

Покрај фактот дека тинејџерите се под голем стрес, студијата исто така покажува дека 59 проценти од нив лично знаат млади луѓе кои размислувале за самоубиство или самоповредување во овој период, а само 34 проценти од тинејџерите веруваат дека нивните училишта се во целост подготвени да се справат со проблемот. Учениците се убедени дека не се доволно подготвени за оваа ситуација и дека имаат се помалку доверба во своите соученици, а уште помалку во стручниот кадар на нивните училишта дека знаат што да прават и како да реагираат во вакви ситуации.

Што наведуваат тинејџерите како решение? Повеќето сметаат дека би било добро дел од нивното образование да биде посветено на нивното ментално здравје и благосостојба, а 52 проценти од нив се согласуваат дека наставната програма треба да содржи задолжително време посветено на нивното социјално и емоционално здравје и да ги научи како да зајакнат и да реагираат во тешки ситуации. Но, истиот процент верува дека менталното здравје и стабилноста се прашања на личноста и дека се тоа основни и вродени животни вештини.

Јасно е дека по ова тешко време, ќе биде потребно некое време за нашето ментално здравје да се врати во нормала, но поуката од оваа студија е дека сите треба да се обидеме да ги сфатиме и да ги разбереме своите чувства, да бидеме отворени со децата и да ги разбереме нивните емоции, како и состојба во која се наоѓаат и да ја прифатиме нивната реакција на предизвиците со кои се соочуваат, заклучуваат експертите.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]