Интернет-малтретирањето е прилично сериозна работа што може да се спречи на време, но само кога сме свесни дека е навистина присутна, како и дека има штетни последици. Затоа е многу важно да бидете едуцирани во оваа област и навремено да ги забележите знаците на насилство преку интернет врз вашето дете.
Ник Фицџералд, постар истражувач, открива за Kidspot 4 најчести знаци со чија помош можете да забележите дека вашето дете е можеби жртва на насилство преку интернет.
1. Необјасниви физички промени
Важно е да го набљудувате вашето дете. Одвојте неколку минути да го набљудувате детето и можеби да забележите некои промени. Дали се здебелило? Дали ослабело? Доколку забележите ваква промена, обидете се да разговарате отворено и да откриете дали детето е свесно за промената и потврдете дека ништо не го мачи.
2. Промени во расположението
Во случај на тинејџери, промените во расположението можат да бидат резултат на пубертетот, но дури и тогаш не треба да се игнорираат. Честите промени во расположението или брзи и кратки одговори можат да бидат знак дека нешто посериозно се случува во животот на вашето дете. Обидете се да поттикнете подолги одговори и интересирајте се за активноста на вашето дете на интернет.
3. Губење интерес
Кога детето одеднаш почнува да се дистанцира од семејството, пријателите и играта во која уживало до неодамна или престанува да биде возбудено за активностите што до неодамна го наведувале да скока од радост низ куќата, може да укажува на некои проблеми со кои се соочува детето во моментот.
4. Напуштање на социјалните мрежи
Обрнете посебно внимание на овој знак. Во време кога сите деца и секој тинејџер во светот поседуваат мобилен телефон и имаат социјални мрежи, навистина е чудно кога лице на таа возраст одеднаш ќе се оддалечи од тоа. На сите понекогаш ни треба пауза од социјалните мрежи, но ако се случи одеднаш, обрнете внимание и делувајте.
Фото: Freepik