Момчето што не го посвоив

„Никој не ме сака. Дури ниту мајката што ме родила“, рекол малечкиот Стивен додека по којзнае кој пат го преместувале од едно во друго згрижувачко семејство...

0
465

Нешто во неговата формулација ме погоди. Нешто во врска со начинот на кој тој го рече тоа, звукот на неговите зборови, стакатото на неговиот говор.

„Никој не ме сака. Дури ниту мајката што ме родила“.

Зарем ова не е прилично чуден начин да се каже тоа?

Ниту мајката што ме родила.

Се закопча на задното седиште на мојата Тојота, сè уште премал за да седи напред. На седумгодишна возраст, тој веќе се пресели повеќе пати отколку што помина години на овој свет. Овој пат, како и сите претходни, сите свои работи ги носеше со себе во вреќа за ѓубре.

Куферот барем ќе му дадеше чувство на достоинство во сето ова – во ова дека бил сместуван во нови и нови и повторно нови згрижувачки домови пред да стигне до 3 одделение.

Кесите за ѓубре пукаат, знаете. Кесите со ѓубре никогаш не можат да ја издржат целата содржина на животот, и дефинитивно не живот толку кревок како овој.

Тие пукаат од напор, со текот на времето.

Оваа селидба беше најтешка за Стивен. Мислеше дека ќе остане во овој дом, барем некое време. Овде почувствува нежност. Кога отидов да го земам, откако неговата хранителска мајка ни рече дека повеќе не може да остане таму, тој си замина со мене многу лесно; главата надолу, без никаква видлива реакција. Дури кога влезе во мојот автомобил, почна да липа со тој звук на болка што ќе ве потресе до сржта.

Едвај успеа да ги изговори тие зборови. „Никој не ме сака. Дури ни мајката што ме родила“.

Месеци подоцна, во истата сцена (уште една хранителска мајка, уште едно одведување), тој се бореше. Трчаше низ дневната соба, се скри зад мебелот, одбиваше да замине. Но, таа ноќ не беше во состојба да се бори.

Тоа беше Стивен кога имаше седум години.

Деветгодишниот Стивен ја држеше својата училишна книшка во испотените раце. Тргнавме на настан за посвојување каде што требаше да се сретнеме со семејства кои сакаат да посвојат поголемо дете; семејства кои автоматски не исклучуваат момче како Стивен поради неговата долга „историја“. Тој сакаше да ги импресионира тие странци. Тој сакаше да ги придобие, па со себе ја носеше книшката со добри оценки како опиплив доказ дека е дете достојно за љубов.

Детето никогаш не треба да докажува дека е достојно за љубов.

Дванаесетгодишниот Стивен ми вели дека јас сум неговиот најдобар пријател. Јас сум негов социјален работник, а тој треба да има вистински најдобар пријател, но не му го велам тоа. Се наоѓаме на снимањето на емисијата „Wednesday’s child“, сегмент од вести што ги прикажува децата за посвојување. Стивен е многу топол пред камерата. Можеби некој ќе го избере овој пат. Можеби успеа да претстави доволно докази, на дванаесет години, дека е сепак момче достојно за љубов. И навистина е. Но, тоа не е доволно. Семејството никогаш не се појавува.

Години подоцна, долго откако ја напуштив агенцијата, мојот стар шеф ми испрати е-мејл во која ме прашуваше како сум и завршуваше со краток ПС: „Стивен е во притвор затоа што избегал од згрижувачкиот дом. Треба да го посвоиш.“

Стомакот ми се стегна. Размислував за тоа многу пати. Јас треба да го посвојам. Но, не го направив тоа.

Пријател кој го видел тоа во вестите ми раскажа за неговото убиство. Бил застрелан на забава заради некоја глупава расправија. Мртов на 18 години, мртов, а само што станал маж.

Не мојот Стивен, се молев. Кога сфатив дека навистина е тој – дека нема шанси да е некој друг – плачев со таква болка што ве потресува до срж.

Што направивме сите? Што не направивме сите.

Весниците објавија многу малку за неговото убиство, како дури подоцна да се сетија. Едвај да им беше вреден за да се спомене. Непознати странци напишаа грди коментари на интернет: „Уште еден клошар“, напишаа тие.

Не го ни познаваа. Не знаете апсолутно ништо за ова момче. Не знаете дека како дете тој пишуваше со прстот на мојот грб за да му помине времето побрзо додека чекавме на преглед кај докторот и ме прашуваше да погодам што ми пишува.“

Текстот е од ТУКА.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]