Четиринаесетгодишната Моргин Арнолд едвај чекала да се фотографира со својот навивачки тим од средното училиште „Шорлајн“ и била возбудена кога алманахот бил конечно завршен. Но, тогаш го отворила и се разочарала бидејќи сфатила дека е објавена друга фотографија, на која не била таа.
„Дојде дома од училиште и ни го покажа алманахот. Ова е мојот тим, ова се моите пријатели, а јас не сум вклучена. Беше скршена“, изјавила сестрата на девојчето, Џордин Пол за Today Parents. Таа ги објавила на Фејсбук и двете фотографии и напишала: „На првата фотографија гледате симпатичен член на навивачки тим. Втората е слична, но не ги вклучува сите членови на тимот. Името на сестра ми не е ниту наведено помеѓу членовите на тимот. Таа не е вклучена на кој било начин. Помина часови учејќи танцови чекори, се појавуваше и навиваше за сите натпревари, и на крајот тие ја изоставија“.
Училиштето се извинило за овој настан и потоа ја деактивирало својата страница на Фејсбук.
Фото: Фејсбук