Дали би му дозволиле на четиригодишно дете да лупи компири?

Мајка ја обвинила свекрвата дека ја изложила на опасност нејзината 4-годишна ќерка давајќи ѝ да лупи компири. Што мислите вие за ова?

0
118

Многу родители уживаат да имаат мали помагачи во кујната, а изгледа дека во кулинарските активности уживаат и децата. За време на готвењето, им се дава можност да се запознаат со разновидни намирници и постапки за подготовка. Но, многу родители се прашуваат кога и како треба детето да започне да помага во кујната?

Слично прашање ја мачело и една мајка, која се решила на популарната страница Mumsnet да го сподели необичниот проблем со кој се соочила. Имено, нејзината четиригодишна ќерка спиела кај нејзината баба и ѝ помагала да подготви вечера. Во разговор мајката дознала дека нејзиното девојче самото лупело компири, и на почетокот не била премногу загрижена за тоа. Дури и се пошегувала велејќи им дека сигурно ја чуваат само за да го прави тоа што тие не сакаат да го прават.

Меѓутоа, нејзината свекрва потоа ја известила дека девојчето ги излупило само и морковот и целерот и целиот зеленчук потребен за вечера, додека нејзината баба во меѓувреме започнала со чистење на куќата.

Дали сум неразумна што ова ме разлути? Ќерка ми има четири години и лупењето компир е опасно, особено без надзор. Или сум глупава и сето тоа е дел од растењето?, се прашува оваа мајка, додавајќи дека не знае што да мисли за целата ситуација, но дека никогаш не би оставила туѓо дете да лупи зеленчук без надзор.

Објавувањето предизвикало бран реакции, многумина застанале во одбрана на свекрвата, велејќи дека реакциите на мајката се несоодветни. Една мајка напишала: „Претерувате. Во најлош случај, таа ќе се исече малку, во најдобар случај, ќе научи нова вештина”.

Многумина се согласиле со ова и ѝ дале поддршка на бабата, пишувајќи дека децата сакаат да помагаат во кујната и дека вештините што ги стекнуваат во неа се навистина корисни. „Многу е подобро отколку свекрвата да ја остави да седи пред ТВ“, напишал еден корисник.

Еден татко напишал: „Мислам дека секогаш се грижиме за своите деца, но единствениот начин на кој може да ги научиме нешто е да им дозволиме да пробаат“, а друга мајка додала: „Вашата грижа е разбирлива, но тие сакаат да помагаат и како што рекоа и другите, вашето четиригодишно дете научило нова вештина“.

Што мислите вие за ова?

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]