Татко се пофалил дека неговиот 14-годишен син работи, па предизвикал полемика

Што мислите вие за овој начин на воспитување? Дали е во ред да се работи на оваа возраст и дали сте имале слично искуство?

0
145

Еден татко започнал жестока дискусија на интернет откако објавил на Фејсбук дека неговиот 14-годишен син работи секој ден во популарниот ланец за брза храна ’Бургер Кинг‘.

Како што објаснил, момчето работи колку што може, во зависност од денот и другите обврски. Но, нема паузи дури и за време на викендите, „кога повеќето деца уживаат во летото, тој рано излегува од дома и се враќа доцна речиси секогаш кога работи“. Исто така, овој татко инсистира на тоа дека неговиот син „ужива во секоја минута што ја поминува работејќи“.

„Тој заработува свои пари, штеди за автомобил и е одговорен за неговите одлуки. Тој станува одговорен млад човек. Не можам да бидам погорд на него. Некои од вас мрзливи, возрасни магариња треба да учат од него“, им одговорил остро на оние кои не се согласуваат со неговиот начин на воспитување.

Неговиот пост завршил и на Твитер, каде многумина го поддржуваа фактот дека момчето рано гради работни навики, додека други инсистираат на тоа дека „го губи детството“.

Некои отишле и дотаму што решиле да го критикуваат американскиот правен систем според кој на 14-годишниците им е дозволено да работат, но само ограничен број часови.

Фото: Твитер

[better-ads type='banner' banner='999' ]