Хормоните произведени за време на бременоста можат да го направат организмот отпорен на инсулин – што значи дека нивото на шеќер во крвта останува високо. Затоа гинекологот д-р Грегори Охихоин, од нигерискиот институт за медицински истражувања, предупредува дека жените треба да бидат претпазливи кога претпоставуваат дека можат да јадат за двајца, пренесува The Sun.
Тој објаснува дека жените ќе доживеат желба за различна храна за време на бременоста и дека некои од нив исто така ќе имаат зголемен апетит. Како и да е, за време на бременоста треба да имате здрава и урамнотежена исхрана и не треба да се залажувате и да верувате дека е сосема во ред да „јадете за двајца“.
„Некои жени одат во крајност и јадат за двајца, можеби дури и за четворица, па јадат секакви работи. Тие имаат нескротлив апетит и јадат надвор од контрола. Резултатот е прекумерна тежина. Оваа група на жени има поголем ризик од развој на гестациски дијабетес мелитус и поголем ризик од отежнато породување“, изјавил Охихоин.
Исто така објаснил дека квалитетот на храната што ја јадете е многу поважен од количината.
„Протеините се најважни за вашето бебе затоа што содржат аминокиселини кои се градежни блокови на телото. Вашето тело има потреба од 20 различни видови на аминокиселини. Дванаесет произведува телото (неесенцијални аминокиселини). Останатите осум мора да се обезбедат преку храната што ја јадете“, додава тој.
Фото: Pexels