Зошто е важно да се бројат движењата на бебето во стомакот?

Покрај тоа што уживате и воспоставувате врска со тоа мало суштество во вашиот стомак, важно е и да ги броите неговите удари затоа што на тој начин го следите здравјето на бебето.

0
114

Следењето на движењата на бебето во стомакот е поврзано со намалување на бројот на мртвородени деца. Затоа многу организации и лекари ги охрабруваат мајките да ги следат движењата на бебето во стомакот од 28-та недела од бременоста.

Наместо да се чувствувате вознемирени и да се плашите за здравјето на вашето бебе, најдобро е да следите што се случува за време на бременоста.

„Многу жени кои почувствувале опаѓање на бројот на удари имале здрава бременост. Најмногу треба да се грижите кога ова ќе се повтори“, вели др. Рут Фретс, асистентка во медицинското училиште на бостонскиот Харвард, која работи на превенција и намалување на смртноста кај новороденчињата.

Како да ги броите ударите на бебето во стомакот:

Одберете еден термин во денот кога бебето е најактивно, обично откако сте зеле некоја ужина или лесен оброк.

Кога сте сигурни дека е будно, седнете со подигнати нозе или легнете на страна и започнете да ги броите ударите. Свртувања, удари, сè се смета. Не го бројте икањето.

Запишете колку минути ви требаа за да изброите десет движења.

Потребни се во просек од 10 до 15 минути, но можно е ова да се продолжи на два часа. На бремена жена со прекумерна тежина може да ѝ биде малку потешко да ги забележи ударите, објаснува др. Фретс. Исто така запомнете дека движењето нема да биде толку остро и забележливо како што напредува бременоста бидејќи бебето ќе има сè помалку простор во стомакот.

Што да направите ако сте загрижени?

Контактирајте го вашиот лекар ако ви требаат повеќе од два часа за да изброите десет удари. Тестот за фетална реактивност може многу лесно да го покаже срцевиот ритам на бебето. „Овој тест може да ја покаже состојбата на бебето, но не и причината за намалените движења“, објаснува понатаму. Ултразвукот може да понуди дополнително објаснување.

Ако сите тестови се во нормални граници, продолжете да го следите бројот на удари. Консултирајте се со лекар секогаш кога ќе забележите проблем.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]