Кој од кого се разведе? Ф наполни девет години, а Н е девојче кое има единаесет години. Тие доаѓаат на разговорот во придружба на нивната мајка.
П: Колку што разбрав, немате проблем кога станува збор за комуникација со вашиот поранешен сопруг?
М: Засега немам. Се надевам дека … Мислам, би сакала и да остане така.
П: Што им кажавте на децата, како им објаснивте?
М: Мислам дека тато го прифати тоа малку потешко, но проблемот трае со години, па имаше многу расправии. Не го кажувам тоа со задоволство, понекогаш тоа се случуваше и во присуство на децата.
П: Значи, решивте да се разведете?
М: Да.
П: А како им го соопштивте тоа?
М: Па искрено ги очекував и двете реакции. Им објаснив дека мама и тато не се сакаат и дека повеќе нема да живеат заедно, но дека тоа не менува ништо за нив. Дека тука ништо не се менува што се однесува до претходните навики, обврски, настани. Бидејќи мајка ми и тато живеат многу близу до мене и имам голема поддршка од нив. Ф ме праша каде ќе живееме сега, јас реков дека ќе изнајмиме стан, ќе живееме во стан.
П: А што им кажа тато им?
М: Татко им … Јас гледав некако да го спуштам тоа на нивно ниво, секако е стресно, но се погрижив да има што е можно помалку стрес за нив. Татко им се сврте и рече, епа бидејќи сте доволно големи и разбирате, мама повеќе не го сака тато и мама повеќе не сака да живее со тато и мама и тато ќе се разведат. Тогаш Н. почна да плаче, мислам дека нешто се скрши во неа. Лошо им соопшти. И тие се потресоа … Малку ќе бидат кај мама, а потоа малку кај тато.
П: Не смеете да менувате, многу е важно ако сега сте се согласиле дека тие се со вас во текот на работната недела, а за време на викендите со татко им, тогаш држете се до тоа. За да можат да си ја повратат сигурноста и да влезат во рутина. И, би било добро тато да не биде тато за забавување, а мама за училиште и учење. Сите обврски што ги имаат кај вас, нека ги имаат и кај него.
М: Добро.
П: Сега ќе ги повикам, да видам што нацртаа.
(Влегуваат Ф и Н)
Н: Мене ми недостасува татко ми.
П: Ти недостасува, а тебе ти недостасува Ф?
Ф: Онака
П: И, дали ги прашавте мама и тато што се случи, зошто се разделија?
Н одмавнува со главата.
П: Важно е да знаете дека можете да ги прашате мама и тато сè што ве збунува. Нели е така? (Н. слегнува со рамениците)
П: И вие слободно можете да кажете гласно ако ви недостасува тато. Никој нема да се лути. (Н молчи)
П: Верувајте ми, ако ѝ кажете на мама дека ви недостасува тато, таа ќе го повика на телефон или ќе ве утеши, но сигурно нема да се лути, добро?
Н: Да
П: И дали знаете дека и мама и тато ве сакаат најмногу и дека фактот дека не се согласуваат нема никаква врска со вас?
Ф: Да. (Н. слегнува со рамениците)
Оставете простор децата да ве прашаат. Не дозволувајте разводот да стане табу-тема во вашето семејство. Објаснете им дека вашата љубов кон нив не се менува. Договорете сè што ќе им кажете на децата однапред, за да ги усогласите вашите приказни. Придржувајте се до договорите за да им помогнете повторно да се чувствуваат безбедно и да ја поминат фазата на промена.
Дозволете им на децата да ги изразат своите чувства без страв. Тие имаат право да го сакаат тато и пред мама и да ја сакаат мама и пред тато. Немојте да ги научите да ги кријат своите чувства, да се срамат од нив или да ве задоволуваат вас и да бидат неискрени.
Извор: Психосинергија
Текстот е од ТУКА.
Фото: Freepik