Дали е безбедно да се зема парацетамол за време на бременоста?

Употребата на парацетамол во бременоста го зголемува ризикот од АДХД и аутизам, тврди новата студија

0
239
Фото: Freepik

Бебињата чии мајки користеле парацетамол за време на бременоста имаат поголем ризик од аутизам и АДХД, тврди новата студија. Но, истражувачите велат дека жените сепак не мора да престанат да го користат овој лек за ослободување од болки и против висока температура.

Истражувачите во Барселона анализирале 70.000 деца во шест одделни студии на оваа тема. Помеѓу 14 и 56 проценти од идните мајки пријавиле дека земале парацетамол за време на бременоста. Студијата открива дека децата кои биле изложени на парацетамол пред раѓањето имале 19 проценти поголема веројатност да развијат симптоми на аутизам. Покрај тоа, тие имале 21 процент поголема веројатност да развијат симптоми на АДХД.

Водечкиот автор на студијата на Институтот за глобално здравје во Барселона (ISGlobal), Силвија Алемани, рекла: „Нашите откритија се во согласност со претходните истражувања.

„Исто така, откривме дека пренаталната изложеност на парацетамол влијае на момчињата и девојчињата на сличен начин, бидејќи практично не забележавме никакви разлики“, додала таа.

Истражувачот Џорди Суниер изјавил дека на жените не треба да им се забрануваат лекови против болки за време на бременоста. Но, тој исто така предупредил дека парацетамолот „треба да се користи само кога е неопходно“ затоа што доказите сугерираат дека изложеноста на парацетамол во матката може да доведе до лоши когнитивни перформанси и проблеми во однесувањето кај децата.

Оваа студија била опишана како „најголема“ досега и вклучувала податоци од Велика Британија, Данска, Холандија, Италија, Грција и Шпанија. Сепак, наодите не се докажани, туку само постои поврзаност.

„Парацетамолот е важен лек за намалување на температурата, а високата температура може да бидат штетна за бременоста. Во моментов, жените треба да земаат парацетамол кога е неопходно и да побараат совет од матичен лекар или бабица ако не се сигурни”, вели Ендру Шенан, професор по акушерство на Кралскиот колеџ во Лондон.

Тој објаснил дека ако поврзаноста е вистинита, дополнителниот ризик е реално мал, бидејќи аутизмот е редок.

Тој за „The Sun“ изјавил: „Оваа студија сугерира дека жените кои земале парацетамол за време на бременоста може да имаат малку поголеми шанси за аутизам кај своето дете. На пример, наместо едно дете на 1.000, односот може да биде 1,2 на 1.000“.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]