Родители, внимавајте: Наводно, постои ТикТок предизвик поради кој децата исчезнуваат на 48 часа

Родителите се исплашени од наводниот тренд на ТикТок, намерно исчезнување на децата на 48 часа. Според корисниците на оваа социјална мрежа, целта на „предизвикот“ е децата, претежно 14-годишници, да исчезнат на 48 часа за да проверат „колку хистерија ќе предизвикаат“.

0
163

Гласините околу овој наводен тренд се појавиле откако исчезнале две ученички на возраст од 14 и 15 години во Стоктон. Иако биле пронајдени и нема докази дека ТикТок бил поврзан со инцидентите, тоа не го спречило ширењето на шпекулациите.

Што се случило во Стоктон?

Била поведена голема потрага по двете тинејџерки, а во потрагата учествувале пријатели, членови на семејството, како и загрижени локални жители кои ѝ помагале на полицијата за време на дождот. Локалната полиција потврдила дека девојчињата се пронајдени, но не открила детали за околностите на нивното исчезнување.

И покрај тоа што нема докази што сугерираат дека тие учествувале во овој луд предизвик, корисниците на социјалните мрежи наскоро почнале да носат свои заклучоци. Шпекулациите за овој тренд станале толку раширени што полицијата во Кливленд била принудена да се обрати на Фејсбук.

Како што напишале, тие се свесни за гласините што се шират, но предупредиле дека истите наводи постоеле во написите од 2017 година, само тогаш „главниот виновник“ бил Фејсбук.

„Не е познато дали ова некогаш се случило во Кливленд и нема податоци што може да се проверат за да го поддржат ова во 2021 година. Ние секогаш ги охрабруваме родителите да бидат свесни за тоа што може да се случи на социјалните мрежи, сепак, полицијата не издаде предупредување до родителите и не можеме да најдеме докази дека се случува такво лудило или дека во моментов се споделува“, заклучиле тие.

Сепак, ова не ги убедило загрижените корисници на социјалните мрежи дека нема причина да се грижат.

„Не е само локализирано во Кливленд, тоа е глобален тренд што се случува, во некои случаи можеби не е причина за исчезнувањето, но се случува низ целиот свет“, тврди еден корисник.

Други, исто така, ги споделиле своите ставови за децата кои можат намерно да исчезнат.

Еден од нив напишал: „Децата кои го прават ова треба да се срамат од себе. Зошто би сакале така да ги повредат своите најблиски?“

Друг рекол: „Ако ова е тренд, тогаш овие деца се луди!!! Мајки и татковци, ставете апликации за следење на мобилните телефони на вашите деца. Барем ќе знаете каде се или каде биле последен пат …

„Ова е веројатно најглупавиот тренд што постои“, заклучил трет, пренесува Индепендент.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]