Сексистичка студија која ги шокираше жените

Овие експерти тврдат дека причината поради која жените се просечно подебели отколку во 50-тите години на минатиот век, е фактот дека тие тогаш согорувале до 1000 калории дневно извршувајќи домашни работи, а на денешните жени работите им се многу олеснети од разни апарати за домаќинство и помагала кои денес ги имаме.

0
240

Група експерти од Велика Британија тврдат дека жените во педесеттите години имале повитки фигури затоа што работеле повеќе домашни работи.

Истражувањето опфатило 8 илјади анкетирани мажи и жени, а биле земени предвид дневниот внес на калории и сантиметрите на струкот на испитаниците, кои подоцна беа споредени со статистиката на луѓето од 1952 година.

Тогаш, обемот на половината на жената бил во просек 15 сантиметри помал од денешниот.

Овие експерти тврдат дека причината поради која жените се просечно подебели отколку во 50-тите години на минатиот век, е фактот дека тие тогаш согорувале до 1000 калории дневно извршувајќи домашни работи, а на денешните жени работите им се многу олеснети од разни апарати за домаќинство и помагала кои денес ги имаме.

Студија спроведена во 1965. година покажала дека невработените жени тогаш поминувале 25,7 часа неделно извршувајќи домашни работи, вклучително и грижа за децата, додека во 2010. година жените поминале „само“ 13,3 часа на домашни работи.

Д-р Рос Алтман, кој го водел ова истражување, рекол дека резултатите имале смисла, бидејќи во 1950 година, повеќето жени немале машина за перење и дека жените трошеле значителен број калории во текот на денот само со одржување на куќата.

Според ова, не треба да се заморуваме со теретани, трчање и диети, сè што треба да сториме е да одиме на работа и да го одржуваме домаќинството на старомоден начин.

Што мислите, зошто жените денес се просечно подебели отколку во средината на минатиот век?

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]