Заради својот силен карактер, децата честопати не се согласуваат со своите родители за многу работи.
Тогаш татковците и мајките применуваат систем на забранување, што според психолошките истражувања е целосно погрешен. Строгиот и авторитативен став на родителите може да го претвори детето во многу добар лажго.
Децата кои се плашат да ја кажат вистината, според студиите, претпочитаат да лажат, за да избегнат казна.
Експертите за однесување на децата велат дека со текот на времето, детето ќе почне да ги мами родителите и ќе станува се подобро во тоа, па затоа е можеби подобро понекогаш малку и да се попушти. Со измислување, детето развива имагинација и психолошки вештини. Голема е веројатноста дека детето подоцна ќе развие подобра интелигенција.
Фото: Pexels