Зошто тинејџерите често ги лажат родителите?

„Во природата на тинејџерите е да премолчат сè што може да предизвика возрасните да се посомневаат дека прават нешто што не би сакале“, велат психолозите.

0
143

Многу тинејџери во овој период имаат проблем во комуникацијата со своите родители. И поради пубертетот, и поради некои нови ситуации во кои се наоѓаат.

Постарите ученици од основно и средно училиште нема да им признаат на своите родители дека го имале првиот сексуален однос се додека тие самите не го сфатат тоа.
„На овој начин, децата сакаат да ги избегнат непотребните прашања на возрасните, на кои обично немаат одговор, како и очекуваната критика и загриженост“, објаснува психологот Џорџ Адамс, а една научна студија покажала дека на списокот на она што тинејџерите го премолчуваат се и журките кај непознати.

„Во природата на тинејџерите е да премолчат сè што може да предизвика возрасните да се посомневаат дека прават нешто што не би сакале. Затоа, мајките и татковците мора да се постават мудро, затоа што ако тие се однесуваат како инспектори, лагите само ќе се удвојат”, додава тој.

Истражувањето, исто така, покажало дека во 90 проценти од случаите, адолесцентите нема да пријават дека пробале цигари, додека во 70 проценти нема да признаат дека имаат лоши оценки, туку ќе чекаат родителите сами да дознаат.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]