Децата кои користат екрани на допир имаат проблеми со спиењето

Резултатите од најновите истражувања во Лондон откриле дека малите деца кои повеќе време користеле екрани на допир спијат помалку навечер.

0
80

Научниците уште еднаш истражуваа како технологијата влијае на најмладите. И најновите информации се загрижувачки.
Истражувачите во Лондон испитале над 700 родители за секојдневната употреба на екраните на допир и начинот на спиење на нивните деца. Откриле дека малите деца кои повеќе време користеле екрани на допир спијат помалку навечер.
Спиењето е важно за когнитивниот развој, особено во текот на првите неколку години од животот. Сепак, 75 проценти од малите деца (на возраст од 6 месеци до 3 години) користеле екран на допир секојдневно, а за секој дополнителен час на употреба, децата спиеле скоро 16 минути помалку секој ден.

„Овие резултати покажуваат дека популарноста и достапноста на ваквите екрани доведоа до високо ниво на употреба од страна на децата, а тоа е поврзано со намален сон“, објаснил авторот на студијата, д-р Тим Смит.

Според д-р Смит, интересно е што претходните студии покажале дека зголемената активна употреба на екран на допир – лизгање, наместо пасивното гледање видеа, е всушност поврзана со порани достигнувања во фините моторни пресвртници кај бебињата.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]