Ковид-19 ја намалува плодноста кај мажите

Ковид-19 може негативно да влијае на квалитетот на спермата и да ја намали плодноста кај мажите, а големината на тој ефект може да зависи од тежината на болеста, објавија истражувачите.

0
203

„Малку е познато за интеракцијата на вирусот-домаќин на ковид-19 во клетките на сперматозоидите“, Бехзад Хаџизаде Малеки, докторски студент и асистент за истражување на одделот за психологија и спортски науки на Универзитетот Justus Liebig во Германија и Бахтијар Тартибијан, доктор на одделот за физичко образование и спортски науки на Универзитетот Urmia во Иран, пишува во списанието Reproduction.

„Ние сме првите кои се осврнавме на врската помеѓу промените во повеќе семенски биомаркери и репродуктивната функција кај машките пациенти кои се опоравуваат од ковид-19“, вели тој.

Хаџизаде Малеки и Тартибијан спровеле проспективна, лонгитудинално кохортно истражување на 84 мажи со лабораториски потврден ковид-19 и 105 мажи без болеста во Иран. Истражувачите ги анализирале промените во активноста на ангиотензин-конвертирачкиот ензим 2 (ACE2), маркерите на воспаление и оксидативен стрес, апоптотски варијабли и квалитетот на спермата и сите се проценувани во интервали од 10 дена во текот на 60 дена.

Повеќето мажи во студијата биле во 30-тите години и според истражувачите,  „значително се разликувале“ во телесната тежина, процентот на телесни масти и БМИ. Меѓу оние со ковид-19, сите освен еден имале умерена, тешка или критична форма на болеста. Експерт за урологија потврдил дека сите мажи во истражувањето биле плодни. Мажите со ковид-19 биле третирани со кортикостероиди и/или антивирусни терапии.

Истражувачите објавиле дека на почетокот и за време на дополнителните следења, групата со ковид-19 покажала значително поголеми нивоа на ACE2 ензими во плазмата, како и повисоки нивоа и на про и противвоспалителни цитокини во спермата – вклучително и интерлеукин (IL) 1-бета, IL-6, IL8, IL-10, трансформирачки фактор на раст (TGF) -бета, фактор на некроза на тумор-алфа и интерферони алфа и гама. Тие исто така имале повисоки нивоа на реактивни видови кислород и пониска активност на супероксид дисмутаза во споредба со здравата контролна група.

Според истражувачите, маркерите на воспаление и оксидативен стрес на сперматозоидите кај мажите со ковид-19 се зголемени за повеќе од 100% во споредба со контролите. Концентрацијата на сперматозоидите е намалена за 516%, подвижноста за 209% и формата на сперматозоидите е променета за 400%.

Иако овие ефекти имаа тенденција да се подобруваат со текот на времето – што претставува „минлива состојба на машка неплодност како оние со олигоастенотератозооспермија“ – истражувачите пишуваат дека тие останале „значително и ненормално повисоки кај пациентите со ковид-19, а големината на овие промени била исто така поврзана со сериозноста на болеста“.

Во интервју за Healio Primary Care, Хаџизаде Малеки препорачал паровите што сакаат да имаат деца да продолжат со претпазливост.

„Женските партнерки на мажите кои закрепнуваат од болеста би требало да одлучат да не забременуваат додека специјалист внимателно не го испита и потврди нивниот статус на плодност“, вели тој.

Според истражувачите, причината зошто ковид-19 влијае на семенските воспалителни медијатори, сè уште не е јасна, но тие сугерираат дека „нарушените имунолошки фактори можат да бидат само одраз на општиот имунолошки одговор, како во серумот“.

Тие признале дека антивирусните терапии за ковид-19 може да имаат „дополнителни штетни последици“ врз плодноста кај мажите и дека се потребни дополнителни истражувања.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]