Ако цела година немате мензис, добредојдовте во клубот!

Кога врската помеѓу јајниците и мозокот ќе престане да функционира, бидејќи е условена од нивото на естроген, се јавуваат нарушувања во функционирањето на скоро сите системи во женското тело. Во последно време, како едно од најдобрите природни решенија за непријатните симптоми на менопаузата се смета перуанската мака

0
607

Менопаузата се јавува кога жената нема менструација 12 месеци по ред и повеќе не може да остане бремена по природен пат. Повеќето жени влегуваат во менопауза на возраст меѓу 45 и 55 години, а во просек е тоа на 51 година.

Под рана менопауза се подразбира доколку оваа состојба се појави пред 45-тата година од животот, а прерана менопауза се смета кога почетокот на менопаузата е пред 40-тата година од животот, што е исто така познато како примарна инсуфициенција на јајниците.

Зошто се јавува рана менопауза?

Менопаузата е целосно природен премин од плодност во неплодност, и секоја жена поминува низ тој процес. Сепак, повеќето жени влегуваат во овој период околу педесеттата година, додека за други тоа се случува малку порано, или многу порано, кога сè уште планираат да имаат деца и да го прошират своето семејство.

Менопаузата се јавува и кога ќе се случи какво било оштетување на јајниците, такашто тие ќе престанат да создаваат јајце клетки. Може да биде и кога, на пример, поради потенцијална или сегашна болест, јајниците се отстрануваат хируршки.

Симптоми на рана менопауза

Многу жени почнуваат да доживуваат симптоми на менопауза околу 4 години пред последната менструација. Овие симптоми обично продолжуваат околу 4 години по последната менструација.

Периодот пред почетокот на менопаузата се нарекува перименопауза. Многу жени влегуваат во овој период во средината на 40-тите години.

За време на перименопаузата можат да се појават следниве симптоми:

нередовни или пропуштени менструации

менструација која е пообилна или пооскудна од вообичаеното

валунзи (топли бранови што се шират во горниот дел од телото)

сувост на вагината (вагината исто така може да стане потенка и помалку еластична)

иритабилност на бешиката или намалена контрола на мочниот меур (инконтиненција)

емоционални промени (вознемиреност, ненадејни промени во расположението, лесна депресија)

сува кожа, очи или уста

несоница

намалено либидо

Овие симптоми се јавуваат како резултат на постепен прекин на производство на јајце клетки, што предизвикува пад на естрогенот, кој го регулира репродуктивниот циклус.

Рани симптоми на менопауза

Откако ќе се појави менопауза, покрај горенаведеното, може да се појават следниве симптоми:

дебелеење
депресија
вознемиреност
тешкотии во концентрацијата
тешкотии во меморијата
чувствителни или болни гради
главоболки
тахикардија
инфекции на уринарниот тракт
намалување на мускулната маса
намалена коскена маса
поопуштени гради
истенчување или опаѓање на косата
зголемен раст на влакна на други делови од телото, како што се лицето, вратот, градите и горниот дел од грбот

Менопауза пред 45-тата година од животот

Многу жени се прашуваат, кои се причините за да влезат во рана менопауза, додека нивните пријателки имаат циклуси и по 45-тата година од животот?

Еве ги најчестите причини:

1. Генетика

Една од причините може да биде генетиката, т.е. дека вашите мајки, сестри или баби влегле рано во оваа фаза, а тоа е случај со околу 20% од жените.

Исто така, постојат генетски нарушувања. На пример, да го споменеме Тарнеровиот синдром, и ова е ситуација кога жената има само еден Х-хромозом.

2. Автоимуни нарушувања

Автоимуните нарушувања можат да бидат виновникот за раната менопауза. Бидејќи самото име вели „автоимуна болест“, тоа значи дека имунолошкиот систем на една личност ги напаѓа фоликулите во јајниците и го попречува нивното правилно функционирање.

Тироидитис или воспаление на тироидната жлезда се доведува во врска со примарна инсуфициенција на јајниците, како и ревматоидниот артритис.

Исто така, Адисоновата болест, која се карактеризира со тоа што надбубрежните жлезди не произведуваат доволно хормони.

3. Начин на живот

Менопаузата пред 45-тата година од животот може да се појави ако сте изложени на одредени токсини, како што се цигари или алкохол.

Пушењето влијае на производството на естроген, што може да придонесе за рана менопауза. Анализата на повеќе студии покажала дека редовното или долгорочно пушење го зголемува ризикот од рана менопауза. Жените кои пушат можат да влезат во менопауза една до две години порано во споредба со жените кои не се пушачи.

Тежината на телото или БМИ (индекс на телесна маса) исто така може да биде еден од факторите за влегување во менопауза. Естрогенот се чува во масното ткиво. Жените кои се многу слаби имаат помалку залихи на естроген, што може да се исцрпи порано.

Некои истражувања покажале дека вегетаријанската исхрана, недостатокот на физичка активност и недоволното изложување на сонце во текот на животот исто така може да предизвикаат порано појавување на менопаузата.

4. Зрачење и хемотерапија

Како што можеме да видиме, јајниците се одговорни за функционирањето на женскиот менструален циклус и тие можат да бидат засегнати од различни фактори, вклучувајќи зрачење и хемотерапија. Овие терапии можат да го оштетат генетскиот материјал што се наоѓа во клетките на јајниците.

5. Епилепсија

Жените со епилепсија имаат поголем ризик да доживеат предвремен прекин на функцијата на јајниците, што доведува до менопауза.

Третман на рана менопауза

Кога станува збор за рана менопауза, нема посебен третман. Сепак, постојат начини да ги намалите симптомите на менопауза, што ќе ви помогне полесно да се справите со промените во телото.

Од друга страна, одредени терапии се препишуваат за предвремена менопауза и тие го поддржуваат производството на хормони во телото со цел да се одложи менопаузата до времето кога треба да се појави природно.

Најчесто тоа е системска хормонска терапија што може да спречи многу од вообичаените симптоми на менопауза. Исто така, опција се и вагинални хормонки таблети кои може да помогнат кај некои вагинални симптоми.

Пресвртна точка во животот на секоја жена

Менопаузата се смета за пресвртна точка во животот на секоја жена и е придружена со непријатни симптоми кои кај повеќето жени започнуваат со зголемена нервоза, постојано чувство на замор, деконцентрација, ненадејни напади на топлина и потење – топли бранови, ненадејно чукање на срцето или паника, па дури и вознемиреност и честа депресија. Подоцна престанува менструалниот циклус, што е знак дека нивото на естроген е намалено.

Менталните нарушувања од кои жената почнува да страда се директна последица на недостаток на ендоген естроген, што влијае на активноста на централните невротрансмитери во нашиот мозок, особено на серотонинот. Кога врската помеѓу јајниците и мозокот ќе престане да функционира, бидејќи е условена од нивото на естроген, се јавуваат нарушувања во функционирањето на скоро сите системи во женското тело.

Класичната медицина им нуди на жените хормонска терапија!

Лекарите и фармацевтите упорно бараат идеално решение, но тоа не е толку едноставно. И во светот и во нашата земја, покрај хормонска терапија, постојат и низа алтернативни препарати кои им се нудат на жените, со цел да им се олесни поминувањето низ состојба како што е менопаузата.

За едно од најдобрите природни решенија за менопауза во последно време се смета перуанската мака која станува сè попопуларна како решение и за голем број други женски и машки проблеми.

Станува збор за растение кое најдобро расте на голема надморска височина. Потекнува од Перу, кадешто успева на надморска височина од 4000 м. Народите што живеат во таа област го култивираат и го користат во исхраната. Најмногу наликува на ротквица, има сладок вкус и бројни хранливи материи.

Маката почнала да се изучува повеќе во 60-тите и 80-тите години на минатиот век кога било откриено дека содржи железо, магнезиум, селен, калциум, над 20 аминокиселини, витамини Б1 и Б2, витамини Ц и Е, цинк, бакар, калиум и натриум. Затоа се смета за „супер-храна“ и затоа е често природен третман за менопауза кај жените.

Позната е и како златна мака, а причината за овој назив е тоа што древните перуански народи ја користеле како платежно средство.

Придобивките од перуанската мака за жените се следниве:

Го балансира односот на хормоните во телото
Ги регулира менструацијата и проблемите со менструацијата
Ги ублажува симптомите на ПМС
Го зголемува либидото и плодноста
Ги регулира проблемите во менопаузата, како што се промени во расположението, топлотни бранови и слично
Со рамнотежата на хормоните во телото, се добива половина од битката со ПМС и менопаузата.

Перуанската мака и нејзиното дејство

Колку пати сте чуле дека омега 3 масните киселини се неопходни за функционирање на мозокот? И, колку влијаат хормоните врз вашето расположение? Златната мака е богата со омега 3 масни киселини, со што влијае на подобрата работа на мозокот, а со комбинирање на неговите други состојки, делува директно на хипофизата.

Хипофизата е мала жлезда во мозокот, која заедно со хипоталамусот игра важна улога во производството на бројни хормони во нашето тело. Постојат оние кои го регулираат нашето расположение (серотонин, допамин) како и естроген и прогестерон, чие ниво зависи од нашиот менструален циклус, но за жал и од проблемите поврзани со него доколку нивното ниво не е избалансирано.

За да постои менструален циклус, потребна е мала нерамнотежа во овие хормони, но не и прекумерна.

Златната мака влијае на тоа овој дисбаланс да биде оптимален – доволно за да имате циклуси, без да полудите од нервозата за време на ПМС. Ова растение или неговиот прав ви помага да бидете подобро расположени, но исто така ви пружа и многу енергија. Нервозата, недостатокот на енергија и лошото расположение често се резултат на хормонална нерамнотежа.

Перуанската мака е многу богата со калциум, дури и повеќе од млекото. Тоа е причината зошто треба да ја земате во менопауза, кога густината на коските се намалува и се зголемува можноста за развој на остеопороза.

Златната мака е всушност адаптогено растение, едно од оние што им помага на жените да се прилагодат на околностите во кои се наоѓаат, без разлика дали станува збор за стрес или хормонална нерамнотежа.

Како да ја користите?

Перуанската мака се користи во количина до 5 грама на ден. Можете да го поделите на две помали дози, а потоа користете го наутро и навечер. Прашокот можете да го користите со пијалок или во храна. Многу луѓе избегнуваат да го загреваат, бидејќи на тој начин може да ги изгуби своите хранливи својства.
Златната мака има сладок вкус, како јаткастите плодови на пример. Затоа е најдобра во комбинација со оброци со сличен вкус.
На пример, можете да ја ставите во мусли, овесни снегулки и да ги комбинирате со јогурт, мед, чај, да ја поросите врз колачиња или да ја додадете во какао (одлична комбинација за ПМС)
Ако немате инспирација за ова, можете да најдете и мака во капсули.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]