Прекршени ветувања
Ако не постои начин да се исполни ветувањето, тогаш е подобро и да не го давате. Ова е вистина која возрасните ни ја всадуваат од детството, зарем не? И тоа му го повторуваат на детето повторно и повторно, барајќи тоа да биде од збор и да ги исполнува своите ветувања. Меѓутоа возрасните често ги кршат своите ветувања, а истовремено секогаш пронаоѓаат изговори – не можеле, некои трети причини ги спречиле, имаат толку многу проблеми што едноставно не можат да стигнат на сите страни… Децата веруваат во ветувањето и молчаливо трпат разочарување кога тоа не е исполнето. Дури и никогаш не ги забораваат.
Непочитување
Многу родители сметаат дека децата се мали и дека ќе заборават сè. Но, тие забораваат дека децата не се еднакви со возрасните, па ги омаловажуваат нивните достигнувања и успеси. Кревката, нежна и весела детска душа сака да биде пофалена за нешто малечко, а вие мислите дека тоа не е ништо посебно и тоа и го кажувате, не знаејќи дека така го повредувате детето. На пример, девојчето сака само да прави фустани за кукли. Родителите велат дека тоа е губење време, дека треба да се посвети на нешто покорисно. Во почетокот тоа се обични фустани, но со време стануваат сè подобри и поубави. Како возрасно, тоа девојче прави голема кариера во светот на дизајнот, но секогаш со себе носи еден грд спомен – нејзините родители никогаш не верувале во неа…
Внимавајте што им ветувате на децата. Внимавајте што им зборувате за нивните страсти и хобија. Постои голема шанса никогаш да не ви ги простат невнимателните зборови…
Фото: Unsplash