Истражувачите од Универзитетот Стенфорд во САД откриле дека момчињата и девојчињата имаат многу различни начини на справување со трауматските искуства, и дека тоа треба да се земе предвид во начинот на кој тие се третираат. Научниците ги скенирале мозоците на 59 деца на возраст од 9 до 17 години, кои имале трауматски искуства. Во студијата, тие откриле дека инсулата – дел од мозокот кој се занимава со емоциите и емпатијата – била особено мала кај девојчињата кои имале некаква траума, додека кај момчињата била поголема од вообичаеното. Според нив, од овие наоди може да произлезе заклучок дека кај девојките постои поголема веројатност да се развијат посттрауматско стресно нарушување отколку кај момчињата.
Пострауматско нарушување може да биде предизвикано од се, од сообраќајна незгода, до малтретирање.
Студијата од 2006 година покажала дека девојките обично се справуваат со стресот преку активни стратегии, како што се барањето помош и преземањето акција за да се намали стресот. Спротивно на ова, момчињата се справуваат со целосно игнорирање и одвлекување на вниманието од проблемот.