Менопауза на машки начин

Машката менопауза позната како андропауза, започнува со пад на нивото на тестостерон. Имено, хормоналните промени што се случуваат во зрелоста не се ексклузивна привилегија на жените - додека нивните врснички минуваат низ менопауза, мажите ги втасува андропаузата

0
237

За женската менопауза се зборува многу почесто, иако хормоналните промени се јавуваат и кај мажите во 50-тите години и можат да доведат до знаци на менопауза. Откријте кои се тие и како да си помогнете.

„Машката менопауза“ професионално се нарекува андропауза, што значи период во кој паѓаат нивоата на тестостерон и други хормони кај мажите.

Тестостеронот е хормон што доведува до промени за време на пубертетот: Тој управува со физичкото и менталното здравје, ја одржува мускулната маса, го стимулира сексуалниот нагон и други важни функции во машкото тело, такашто промените во нивото на хормоните во 50-тите и кај мажите можат да предизвикаат големи промени.

Состојбата може да кулминира со недостаток на тестостерон, познат како хипогонадизам (намалена секреција на тестостерон).

Мажите постари од 50 години тешко ќе признаат дека имаат проблеми со ерекцијата. Сепак, податоците покажуваат дека околу 25% од мажите постари од 50 години, околу 50% од оние над 60 години и до 75% над 70 години имаат еректилна дисфункција.

Дури и признанието на пријател на мажите им носи голема непријатност, а некои од нив сепак ќе побараат помош од експерт. За менопаузата кај жените често се пишува и се зборува, но промените со кои се соочуваат мажите некако се во сенка.

Што е андропауза?

Вистина е дека промените кај мажите се значително постепени – падот на нивото на машкиот хормон е подискретен, па затоа појавата на симптомите е помалку јасна. Значи, има малку мажи во зрелоста кои ќе доживеат некој лекар да ги праша за нивната потенција, додека жените редовно се прашуваат за губењето на менструацијата.

Менопаузата детално се истражуваше во последните повеќе од 50 години, а андропаузата е под лупата на научниците само десет години.
Андропаузата може да се дефинира како состојба што го придружува стареењето на мажот, карактеризирана со недостаток на машки хормони, а последицата може да биде пад на квалитетот на животот и негативни ефекти врз работата на многу органи.

Не треба да се заборави да се спомене дека стресот, алкохолот, пушењето, дрогите, некои лекови, болести и недостатокот на физичка активност се промотори на андропаузата.

Симптоми како предупредување

Андропаузата, или постепеното намалување на нивото на андрогени кај мажот кој старее, може да се препознае според повеќе симптоми, од кои многу се поврзани со стареењето, па затоа се исти и за двата пола.

Топлотните бранови не се ексклузивна „привилегија“ на жените во менопауза – помалку мажи може да имаат слични топлотни бранови, а 30-40% од мажите имаат повремени валунзи, но значително поретко од жените. Исто така, се јавуваат болки во зглобовите и мускулите, опаѓа косата, се намалува и нивото на енергија и сила, се зголемува заморот, слабее сексуалната желба (либидото) и ерекцијата, се намалува количината на сперма, се влошува расположението, меморијата, спиењето и расте склоноста кон депресија …

Редовната лекарска контрола, соодветно лекување и надокнадување на хормоните во индицирани случаи, исто така, придонесуваат за подобрување на целокупниот квалитет на живот во процесот на стареење.

Дел од нив се однесуваат и на начинот на исхрана:

Јадете богато хранлива храна како: млеко, ги масло, јајца, свежо овошје, ореви, житарки и зеленчук

Зголемете ја употребата на храна богата со ликопен, како што се доматите, цреши, дињи, итн.

Се препорачува употреба на  цитрусни овошја.

Избегнувајте тешка храна што предизвикува тешкотии во варењето.

Избегнувајте сол и адстрингентни јадења.

Избегнувајте пушење и алкохол.

Што се однесува до животниот стил, се препорачува:

Рутина во дневните активности кои вклучуваат соодветно спиење и будење, добар квалитет и квантитет на спиење, вежбање и сексуални активности.

Избегнувајте стрес и управувајте со вашите емоции со јога и медитација

Избегнувајте прекумерно вежбање

Не ги сузбивајте природните процеси и импулси за кивање, кашлање итн.

Држете ја под контрола телесната тежина со редовно вежбање и диета.

Исто така, постојат и ајурведски билки кои помагаат за машка менопауза и можат да обезбедат одлични придобивки при ублажување на симптомите, главно поради нивните афродизијачки својства.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]