Како родителите излегуваат на крај со вечното прашање: Зошто?

Како се справувате вие со оваа фаза на вашите деца? Успевате ли да одговорите барем на некое нивно зошто?

0
88

Децата се многу љубопитни и понекогаш постојано прашуваат: „Зошто?“. Еден татко објавил на „Reddit“ како тој се справува со постојаното ‘Зошто’ на својот четиригодишен син.

„Мојот најмлад син, кој има 4 години, неодамна влезе во фазата „зошто?“ Кога и да ме прашаше: ‘Зошто?’, му одговарав: „Не сум сигурен, што мислиш ти?“. Тој го дава својот одговор, јас му велам дека ми се чини дека добро размислува и крај на приказната“, напишал тој.

Во дискусијата веднаш се вклучиле и други родители и ги дале своите идеи.

„Мојот пријател на ваквите прашања на своето дете одговара со: „Зошто да не?”. Детето веднаш престануваше со понатамошно испрашување”, вели еден корисник на популарниот форум.

„Јас барав од моето четиригодишно дете да ми го постави целото прашање. Наместо само, ‘Зошто?’, го натерав да праша, на пример, „Зошто е небото сино?“ Тој мора да размисли, да се вклучи и тогаш едноставно и не му се прашува премногу“, додава една мајка.

„Ова прашање ме полудува. Ќерка ми е во таа фаза сега. Ќе ги испробам тие идеи”, заклучил трет.

Како се справувате вие со оваа фаза на вашите деца? Успевате ли да одговорите барем на некое нивно зошто?

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]