Каролин Аронсон била шокирана кога минатата година открила дека е бремена на 53. годишна возраст, а во февруари годинава годинава родила здраво девојче.
Бидејќи бременоста во шестата деценија од животот е вистинска табу-тема за многумина, Аронсон решила да го сподели сопственото искуство и да открие како е да се стане мајка на возраст кога вашите познаници обично стануваат баби и дедовци.
Аронсон, која е извршна директорка на компанијата It’s a 10 Haircare, вели дека била шокирана од позитивниот тест за бременост. Таа и нејзиниот сопруг Џеф Аронсон почувствувале „целосно неверување и целосна радост“ од помислата да ќе имаат бебе во своето семејство.
„Има многу одлични работи кога имате деца на малку постара возраст. Нивото на искуство е толку високо, нивото на зрелост е уште поголемо и мислам дека жените со секоја деценија стануваат се подобри и подобри“, вели оваа мајка.
Како што вели, во споредба со времето кога првпат станала мајка, сега има многу поголема самодоверба, знае како да се однесува кон новороденче, а покрај тоа е и финансиски посигурна.
„Вие сте многу поподготвени, имате повеќе искуство и мислам дека нема ништо подобро за една жена отколку да може да се смири и да се грижи за своето бебе“, вели таа.
Аронсон вели дека на четирите постари деца им требало време да се прилагодат на фактот дека имаат бебе во куќата, но сега кога бебето Алија има 3 месеци, им станало попријатно да се грижат за својата помала сестра и се импресионирани од нејзиниот карактер.
„Тие во моментот не сакаат да бидат нејзини мајки и татковци. Мислат дека е симпатична, но очигледно, во оваа фаза, се исклучително фокусирани на сопствениот живот, што е и очекувано”, вели Аронсон.
Покрај тоа, таа признава дека таа и нејзиниот сопруг се вљубени во својата ќерка.
„Нејзиното средно име е Сон затоа што таа навистина е нашиот реализиран сон“, додала таа.
Новата мајка била изненадена и од тоа колку лесна ѝ била бременоста. Се здебелила помалку од пет килограми и многу брзо се вратила во секојдневниот живот, иако имала царски рез.
„Мислам дека сум всушност посилна отколку кога ја родив својата втора ќерка пред 14 години”, објаснила таа. „Јас сум позрела и носам подобри одлуки во оваа фаза од мојот живот. Знам дека одржувањето на здравјето, земањето витамини и одржувањето активност се важен дел од следните 50 години од мојот живот“, заклучува таа во интервју за „Today“.
Фото: Pexels