Децата ќе сторат сè за да ги намолат родителите за џепарлак, а тоа едно деветгодишно дете го направи на многу мудар начин. Неговата мајка го објавила на социјалните мрежи писмото што им го напишал и во кое се обидел да им објасни на своите родители зошто треба да му дадат џепарлак.
„Почитувани Кајл и Пол, мислам дека децата треба да добијат џепарлак затоа што тоа има повеќе придобивки отколку недостатоци. Пишувајќи го ова писмо, се надевам дека ќе ве убедам.
Моите причини се следниве – цврсто верувам дека децата треба да добијат џепарлак затоа што тоа ќе ги научи за вредноста на парите. Давањето џепарлак ги учи на одговорност, а би престанале и да досаѓаат. Верувам дека давањето џепарлак ја поттикнува независноста и одговорноста. Ве молам, разгледајте го ова. Со почит, Џозеф“, пишува момчето.
Рачно напишаното писмо заработи повеќе од 2.000 лајкови на Фејсбук, а многумина се воодушевени од идејата на момчето.
Дали вие им давате џепарлак на своите деца?
Фото: Фејсбук