Колку биле во право кога велеле: порано децата на нива растеа, па ништо не им фалеше

Кога син ми растеше, постојано трчав на доктор ако ми се гледаше дека нешто не е во ред, а бидејќи тој речиси и воопшто не спиеше, знаев да одам и да го довлечкам нашиот сосед-педијатар во пензија во ниедно време за да го види и да ми каже дали и од што е болен? Настрана тоа што не смееше да го допре никој ако претходно не ги измил рацете. нешто слично како да е пандемија на корона...а не беше...

0
298

Верувајте, навистина е подобро да се опуштите, да не бидете опседнати со тоа дека вашето бебе е можеби алергично на прашина, детергент или нешто слично, верувајте дека нема да му биде ништо ако не ја испеглате облеката, дека не мора да му ја пасирате храната за да може само да лапне и да голтне и дека не треба да сте во агонија ако детето наместо да оди на спиење, сака да си игра со вас или да ве држи за коса. Баталете ги другите обврски, легнете си до него и дозволете му да ве држи за коса се додека не заспие, па дури и ако се успиете и вие со него. Време било да спие сам? Па штоако, мислите дека нема за некоја година и самото да ве замоли да излезете од неговата соба побргу кога ќе влезете само за да го бакнете пред спиење? Не се секирајте, нема ни да ве побара дури и ако цел ден не се појавите дома, освен, евентуално, да ве праша да не доаѓате случајно набрзо затоа што има друштво дома.

И знаете што? Кога ќе заборавите на сите тие глупави грижи, ќе можете вистински да уживате. И зошто да не, ако имате мало дете, или уште подобро, мали деца, дајте им ги понекогаш на бабите и дедовците, одморете се барем 2-3 часа. И тие ќе се одморат од вас, а вие ќе бидете потрпеливи бидејќи нема да сте постојано под стрес. Едноставно, опуштете се, ќе биде се во ред.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]