Дури и кога ќе станат родители, нарцисоидните луѓе им даваат предност на сопствените чувства и потреби. Дури и нивните деца го немаат тој луксуз да бидат на прво место.
Сепак, повеќето луѓе не се свесни дека имаат карактеристики на нарцис.
Еве неколку работи што откриваат дека сте нарцисоиден родител, дури и ако не сте свесни за тоа:
1. Секогаш мислите прво на себе
Луѓето кои се крајно самоуверени и не ја пропуштаат можноста да си дадат значење, честопати ги пренесуваат своите нарцисоидни особини и на сопственото родителство.
2. Вашите амбиции се најважни
Важно е да продолжите да ги живеете вашите соништа дури и кога ќе станете родители. Сепак, нагласувањето исклучиво на вашите цели и амбиции, и игнорирањето на потребите и желбите на вашите деца, долгорочно може да предизвика голема штета.
3. Ја потенцирате сопствената супериорност
Критикувањето на сите обиди на вашите деца да постигнат и да направат нешто и омаловажувањето на нивните напори со приказни за вашите успеси може да ја нарушат самодовербата на вашите деца.
4. Ги споредувате сопствените достигнувања со достигнувањата на вашите деца
Тоа е нешто што никогаш не треба да го правите. Ваквите споредби можат негативно да влијаат на самодовербата на децата.
5. Честопати со своите коментари правите децата да се чувствуваат виновни
Нарцисоидните родители имаат способност да ги натераат децата да се чувствуваат како да се неуспешни на разни полиња и тие често им набиваат и чувство на вина. Во исто време, овие родители раскажуваат бајки за нивните наводни успеси во животот.
6. Барате благодарност
Позитивните родители никогаш не бараат ништо за возврат за грижата и љубовта што им ја даваат на своите деца. Спротивно на тоа, нарцисоидните родители мора да бидат сигурни дека се ценети и дека се признава нивниот труд.
Фото: Pexels