Пет работи што ќе ги разбере секој родител на три деца

Дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу родител на две деца и родител на три деца?

0
184

Некогаш не е лесно паровите да се одлучат на уште едно дете. Кога ќе станат свесни за предизвиците и обврските што ги носи ова мало суштество, тие ги преиспитуваат сопствените компетенции и желби. Но, дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу родител на две деца и родител на три деца?

Еве по што ќе ги препознаете родителите на три деца.

1. Тие возат минивани или каравани

Честопати е физички скоро невозможно да се набијат три седишта за автомобили во помал автомобил, такашто повеќето петчлени семејства се одлучуваат за попространи модели. На тоа додадете ја количината на работи што треба да ги носите на секое патување или прошетка и ќе ви стане јасно зошто овие родители веќе не ни помислуваат на спортски автомобили.

2. Често одговараат на истите прашања

Едно од најчестите прашања што луѓето им го поставуваат на родителите на три деца е: „Како ви успева сето ова?“

Плус, коментарите од типот „навистина имаш полни раце работа“ се нивно секојдневје.

3. Логистиката им е посилна страна

Тие се господари на организацијата кои не оставаат ништо на случајноста. Ги носат своите деца во градинка, училиште и дополнителни активности, а исто така го знаат напамет секој состанок со лекар или родендените на пријателите на нивните деца.

4. Во нивната куќа е секогаш бучно (и весело)

Штом ќе добиете трето дете, вашата способност да толерирате бучава (и честопати неред) се зголемува до зачудувачко ниво. На тоа додадете го фактот дека во вашата куќа играта никогаш не запира и ќе сфатите дека вашиот живот често изгледа како (многу гласна) забава што никогаш не запира.

5. Примаат и даваат трипати поголема љубов отколку пред децата

Можеби по раѓањето на првото дете ќе помислите дека никогаш повеќе нема да можете да сакате некого толку многу, но доаѓањето на секое ново дете ќе ве демантира.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]