Едно истражување за мајчиниот јазик и начинот на кој бебињата го усвојуваат открило дека мајките имаат сосема поинаква боја на звук кога зборуваат со своите бебиња.
Резултатите од студијата исто така го изненадиле тимот што работел на овој проект. Имено, тие заклучиле дека звукот има посебна фреквенција, која е единствена за сите мајки, без оглед на јазикот на кој зборуваат.
Професор од Универзитетот Принстон изјавил дека бојата на звукот, што е нејзина единствена карактеристика, се користи при разликување на луѓе, животни и инструменти.
Истражувачите се фокусирале на фреквенцијата на звукот што ја користат родителите кога му се обраќаат на своето бебе.
Дури и самите родители не биле свесни дека тој се разликува од оној што го користат во секојдневниот говор. Тие ги снимале мајките како читаат или зборуваат со своите бебиња и како истите мајки разговараат со возрасните. Откако ги собрале снимките и ги обработиле, истражувачите заклучиле дека секоја мајка има единствен отпечаток на звук (како отпечаток од прст), што компјутерот може да го открие по само еден изговорен збор. Тие исто така заклучиле дека овие отпечатоци звучат многу слично едни на други. Без оглед на кој јазик зборува мајката.
Во истражувањето биле вклучени девет мајки, од девет различни јазични области. Мандаринскиот, унгарскиот, францускиот, германскиот, полскиот, рускиот, шпанскиот, англискиот и грчкиот јазик, дури и не ѝ припаѓаат на истата јазична група.
Но, она што ги поврзува е многу малата разлика во фреквенцијата на звукот, кога им се обраќаат на своите бебиња. Иако машината користи алгоритам за англиски јазик, таа била во можност да забележи промени во фреквенцијата и на кој било друг јазик.
Ова е доказ дека бојата на звукот што мајките го користат кога им се обраќаат на своите бебиња е единствена за сите јазици. Најверојатно во таа фреквенција се крие коренот за учење на говор кај децата. Тие исто така заклучиле дека мајките ја користат несвесно.
Ова е веројатно одговорот на прашањето зошто јазикот на кој ќе го проговориме е нашиот мајчин јазик.
Следниот чекор за овој истражувачки тим е да открие како бојата на звукот помага да се развие центарот за говор.
Поаѓајќи од претпоставката дека посебна боја на звук им помага на бебињата полесно да се поврзат со своите мајки, истражувачите ќе ги вклучат татковците во следното истражување. Тие се надеваат дека ќе бидат направени изненадувачки откритија, бидејќи прашањето за развојот на говорот кај малите деца досега беше голема непознаница.
Фото: Pixabay