Трите најголеми придобивки што ќе ги добие вашето дете од раното учење на втор јазик

Не е тајна дека усвојувањето на повеќе странски јазици е предност. Но, дали некогаш сте се запрашале дали има идеално време да научите уште еден јазик? Многумина веруваат дека единствениот точен одговор е - што е можно порано.

0
175

Говорењето и разбирањето на повеќе јазици може да отвори свет на можности, а подолу ви донесуваме неколку придобивки од двојазичноста (и, се разбира, повеќејазичноста) кај малите деца.

Една студија објавена во јануари 2021. година во списанието „Scientific Reports“, спроведена на 127 возрасни лица, идентификувала две когнитивни придобивки за раните билингвалци (оние кои научиле два јазика како деца). Првата е нивната способност да забележат визуелни промени побрзо отколку оние кои научиле втор јазик подоцна во животот. Според резултатите од оваа студија, оние кои рано научуваат втор јазик имаат поголема контрола врз нивната способност да го преусмерат вниманието од една на друга слика – што може да биде резултат на практикувањето на брзо префрлање помеѓу два јазика.

Придобивките од двојазичното воспитување не завршуваат тука.

1. Поттикнува емпатија

„Откриено е дека децата кои се одгледуваат на најмалку два јазика имаат поголемо социјално разбирање“, вели др. Орен Боксер, невропсихолог и советник во БумоБреин, платформа што ги поддржува родителите кои бараат други можности освен традиционалните училишта.

Студиите за млади двојазични деца откриле дека овие деца имаат тенденција подобро да ги разбираат „перспективите, мислите, желбите и намерите“ на другите луѓе во споредба со децата кои зборуваат само на еден јазик.

„Дел од оваа моќ е поврзан со поробустен јазичен систем што може полесно да открие одредени комуникациски карактеристики како што се прозодија, говорен ритам и тон на гласот“, вели д-р. Боксер.

Сепак, само емпатијата не е доволна за да се гледа на неа како придобивка. Боксер вели дека е важно да знаете како да се справите со овие емпатични чувства и да знаете како да ги разликувате сопствените потреби од потребите на другите.

2. Може да ја подобри функцијата на мозокот

Двојазичноста е добра за развој на мозокот.

„Тие се подобри во планирањето, решавањето проблеми, концентрацијата и извршувањето на повеќе задачи истовремено“, вели Кристен Дензер, извршен директор и основач на „Tierre Encantade“, шпанска образовна програма.

Дензер вели дека овие когнитивни придобивки може да се видат доста рано.

„Доенчињата кои растат во двојазична средина го покажаа своето напредно функционирање уште во седмиот месец во споредба со монојазичните врсници“, вели таа, повикувајќи се на студија објавена во 2009. година во Зборникот на Националната академија на науките на САД.

И овие придобивки можат да продолжат и до длабока старост со спречување на нарушувања на мозокот кои често се јавуваат во средината на 60-тите.

„Билингвалците дури можат да го забават почетокот на деменцијата и Алцхајмеровата болест во просек за дополнителни четири години во споредба со оние кои зборуваат само на еден јазик“, вели Дензер. Причината? Познавањето повеќе јазици може да придонесе за зголемување на когнитивната резерва или „способноста на мозокот да импровизира и да најде алтернативни начини на извршување на работите“ и да спречи штета.

3. Академска предност

Двојазичните деца исто така можат да имаат предност во училиштето, вклучувајќи ја и писменоста.

„Студиите покажале дека кога детето учи втор јазик, тоа покажува забрзан напредок во учењето на читање во споредба со монојазичните врсници“, вели Дензер.

Тие исто така може да имаат подобри академски резултати во иднина. Истражувањата покажале дека студентите кои долго време учеле странски јазик имаат тенденција да имаат подобри резултати на SAT испитите.

Двојазичните деца имаат и поцврсти темели за усвојување на повеќе јазици. Ова може да им донесе поголема предност кога ќе започнат професионална кариера бидејќи се повеќе индустрии бараат кандидати кои зборуваат повеќе јазици, пишува Parents.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]