Меди Ламберт од Тексас останала бремена на 13 години. Четири години подоцна, таа е јутјуб ѕвезда, си ја чува својата ќеркичка и тврди дека е способна како и секој друг родител. Иако на почетокот добивала многу сурови коментари, а ѝ испраќале и адреси од клиники за абортус дури и до седмиот месец од бременоста, таа надминала сѐ, одлучила да го зачува детето, па и покрај многуте драми, дури успеала да воспостави и добар ко-родителски однос со таткото на својата ќерка, кој е исто така тинејџер.
Истакнува дека многумина верувале дека бременоста и породувањето ќе ѝ го уништат животот.
„Ми испраќаа адреси на клиниките кадешто можев да абортирам, дури и во седмиот месец од бременоста. Некој ми напиша дека се надева дека и двете ќе умреме за време на породувањето. Затоа решив да им покажам на сите дека можам да бидам најдобрата мајка во светот“, додава Меди.
Нејзината ќеркичка Еверли денес има три години.
Таа започнала свој канал на Јутјуб на кој има 1,5 милиони следбеници. Се надева дека нејзината приказна ќе ја разбие стигмата за мајките тинејџерки.
„Многумина мислат дека сум лоша мајка затоа што сум тинејџерка, но јас сум способна за тоа како и секој родител. Се откажав од моето детство поради моето дете и ќе направам сè за неа. Таа е мојот живот“, заклучила таа.
Фото: Инстаграм