Без разлика дали сте во авион или во супермаркет, соочувањето со јавните изливи на гнев на вашето дете (тантруми) може да биде ноќна мора – во најголем дел затоа што последното нешто што било кој родител сака да го направи е – сцена. Но, како што знаат сите мајки и татковци, понекогаш нема помош, а тогаш добро би им дошло сочувството, наспроти осудувањето од другите.
Австралијанката Кречеле, го споделила своето искуство на Фејсбук.
Таа неодамна била во супермаркет кога слушнала дете како толку вреска што луѓето зјапале и чудно го гледале. Веднаш почувствувала дека родителите се борат со ситуацијата.
„Нејзините родители строго, но тивко се обидоа да ги задржат„ нозете на октоподот“ и да ги стават во количката без да ја повредат“, напишала таа.
„Имаше потење и грчеви и треперење на главите. Тие добро постапуваа и речиси ја ставија работата под контрола, но потоа слушнав друга мајка како ѝ рече на нејзината 8-годишна ќерка многу гласно: Па, очигледно детето добива сè што сака и никогаш во животот ништо не му се забранило“.
Оваа изјава ја налутила Кречеле.
„Престанав да ја пребарувам торбата, устата ми се отвори, почувствував како чист бес продира низ моето тело“, напишала таа.
„Како се осмелуваше. Ние треба да бидеме дел од клубот. Клуб на мајки“. Блогерката објаснила дека чувствува како другата мајка да го предала тој клуб, не само што ја посрамотила таа мајка, туку исто така ја научила својата ќерка гласно да ги осудува луѓето, правејќи ги лоши.
Тој момент ја поттикнал Кречеле да ги охрабри мајките да се поддржуваат едни со други. Таа објаснила дека е подобро да не се кажува ништо отколку да се осудуваат и да се засрамуваат родителите што се обидуваат да ја надминат ситуацијата.
„Не зјапај”, напишала таа. „Не превртувај со очите. Не коментирај“.
„И другите мајки поттикнати од постот на Кречеле, објавиле свои приказни за чувството на срам или осуда во јавноста. Една напишала: „Мојот најстар син имаше голем напад на вознемиреност кога имаше две години и една дама ги преврте очите велејќи: „За негово добро, не можете ли да го контролирате тоа детиште, имав навистина стресен ден“!
Како вие реагирате кога сте сведоци на излив на бес на некое дете на јавно место?
Дали и вам ви се случило тоа со вашето дете?
Фото: Фејсбук