Следете ги сигналите: Како да знаете дали бебето е среќно и здраво?

Родителите често стравуваат дали нивните бебиња јадат доволно, спијат доволно и дали успешно растат и се развиваат. Овие неколку знаци можат да ви дадат појасни одговори.

0
228

Овие неколку знаци можат да ви дадат појасни одговори, ако и вие сте помеѓу оние кои се прашуваат дали е нивното бебе здраво и среќно.

Бебето се смирува кога ќе го допрете, како и кога ќе го слушне вашиот глас

Ова покажува дека сте успеале да се поврзете со вашето бебе. Новороденчињата обично плачат многу, но гласот на мајката и таткото е нешто што со месеци им го привлекувало вниманието додека биле во матката, па истото се случува и кога ќе се родат. Кога ќе го слушнат гласот на нивните родители, во комбинација со гушкање, носење и галење, тоа дефинитивно треба да ги смири и тоа е првиот чекор во емоционалниот развој.

Менуваат 10 пелени на ден, а бебето добива тежина

Ова докажува дека бебето се храни доволно, иако количината на испиено млеко може да варира од ден на ден. Многу мајки кои дојат се прашуваат дали ова е доволно за бебето. Доказ за тоа се влажните пелени.

По раѓањето на бебето, важни се и редовните посети на педијатарот, а во меѓувреме следете го полнењето на пелената. Немојте да бидете опседнати со количината на секој оброк затоа што бебињата не јадат исто секој ден, дури ни на секој оброк. Вкупниот резултат е зголемување на телесната тежина.

Бебето е тивко и внимателно барем неколку пати на ден

Првите недели од животот на бебето се карактеризираат со хранење на секои два часа и многу сон, до 16 часа на ден, но ретко неколку часа „во едно спиење“.

Многу плаче помеѓу тие активности и тоа е сè. Со понатамошен напредок, бебето почнува да учи како да ги контролира своите мускули и да се фокусира на нешто, а најчесто тоа се родителите, такашто вие исто така започнувате да сфаќате какво  мало „сунѓерче“ кое впива сè имате во вашите раце. Кога бебето е тивко или „крева аларм“, тоа е знак дека следи сè околу себе и обработува нови информации. По првиот месец, ќе забележите дека тоа почнува да го набудува светот повеќе и почнува да учи, па затоа станува потивко и слуша.

Контакт со очи, насмевки и интеракција

Бебето со текот на времето станува сè дружељубиво и посреќно. Првиот контакт со очите пристигнува на еден месец, првата насмевка на два, гугањето на три, а првата насмевка на четири месеци. Оваа интеракција покажува дека бебето станува сè посвесно за неговата околина и дека на некој начин разбира како да се однесува во општеството. До петтиот месец, тоа ќе одговори на насмевката со насмевка како да е тоа рефлекс. Сите овие се важни знаци на ран развој на јазикот.

Бебето станува посилно

Многу бебиња можат да ја држат главата самостојно по првиот месец, но тоа трае многу кратко. До третиот месец, тоа е поуспешно и тогаш знаете дека е во состојба да ги напрега своите мали мускули. За да му помогнете да го стори тоа, проверете дали поминува квалитетно време надвор од седиштето и повремено држете ја на стомак на подот, бидејќи тоа може да помогне да се забрза развојот на разни мускулни групи, вклучително и оние што подоцна му дозволуваат да се сврти или да седи.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]