До неодамна за разгалените деца не се зборуваше воопшто во позитивен контекст, но денес таа одлика се здоби со цена. Ова го покажало истражувањето на Си-Ен-Ен и списанието „Тајмс“, во кое учествувале родители.
На прашањето дали нивните деца се разгалени, две третини дале потврден одговор, карактеризирајќи го ова како доказ дека се сакани, згрижени и негувани, а не себични и безобразни.
Слободата е „виновникот“
Повеќето од испитаниците дури изјавиле дека се задоволни што можат да им обезбедат на своите деца работи и слобода што им биле ускратени во нивното детство. Токму затоа тие се разгалени, односно, од гледна точка на мама и тато – полни со самодоверба, бидејќи се чувствуваат сакани и важни, а не фрустрирани.
Милениумците (припадниците на генерацијата родена помеѓу 1980 и 2000 година), уништија цела генерација деца и ги направија арогантни!
Марлена Кирстон, детски психолог, вели дека генерации и генерации деца се загрозени од ваквото размислување и постапување, бидејќи родителите се тие што ги учат и ги охрабруваат да бидат арогантни.
Штом не добијат нешто, тие се лутат! Среќата ја наоѓаат само во материјалното
– Тоа е метод со кој растат млади луѓе полни со себични желби кои, ако некој остане глув за нив, стануваат отскочна даска за уште поголем егоизам и агресија – предупредува психологот.
Кој би вработил таква егоцентрична личност?
На негација се реагира со лутина и бунт. Детето треснува со тупаница на масата ако нешто не е на неговиот начин. Никој не бара од родителите да ги измачуваат своите деца, да им го одземаат вниманието и материјалните работи што можат да си ги дозволат, но мора да се постави граница. Важно е детето да разбере дека има нешто што не може да го добие или да го стори, а не да му е достапно буквално сè. Во спротивно, возрасните ризикуваат да воспитаат егоцентричен, емоционално и социјално осакатен човек, кој нема да може да сака ниту да прима љубов.
Тој ќе се движи целиот свој живот во лавиринт со погрешни вредности и лажно чувство на важност и моќ, само затоа што родителите го учеле дека е пожелно да се биде разгален.
Фото: Pexels