Покрај тоа што се едни од најуспешните ученици во светот, јапонските училишта ги учат своите деца како да станат и едни од најсвесните граѓани.
Јапонските училишта ги учат децата многу едноставна, но важна лекција: како да се исчисти нередот што го оставаат зад себе! Праксата која почнува кога учениците се во прво одделение од основно училиште и продолжува и во периодот на средното училиште, вклучува 20-минутно чистење.
Училишниот ручек секогаш се подготвува во кујната, а го подготвуваат вработените во училишната кујна, но учениците се оние кои ја делат храната на своите пријатели, а не готвачите. По ручекот, учениците ја чистат чинијата во која јаделе и ги продолжуваат своите должности како што се прашина, чистење и бришење подови во училниците, ходниците и другите делови од училиштето.
Наставникот Киоко Такишима објаснува дека децата ја градат својата самодоверба и на тој начин се подготвуваат за живот. Алис Горденкер, новинарка на The Japan Times, објаснува дека оваа практика им помага и на децата да ја почитуваат нивната околина и пишува: „Тие учат дека е подобро да не прават хаос ако се тие тој што треба да го исчисти.“
Исто така, ја споменува и праксата на некои училишта која ѝ е особено симпатична. „Група ученици од шесто одделение ги посетуваат првачињата за да им помогнат да исчистат. Многу училишта во Јапонија имаат ваква интеракција помеѓу горните и долните одделенија, особено затоа што децата во Јапонија се претежно единци и немаат браќа и сестри. Наставниците веруваат дека е добро за постарите ученици да им помагаат на помладите, а за помалите деца да наоѓаат пример кај постарите, што е секако потребно и е за пофалба“.
Се разбира, тоа не значи дека јапонските училишта воопшто немаат домари и тетки што чистат. Тие сè уште се вработени во училиштето и го одржуваат, вршат поправки и ги чистат местата до кои на децата не им е дозволен пристап.
Но, што мислат децата за оваа практика? Сигурни сме дека не се сите деца особено воодушевени од чистењето, но едно девојче во видеото убаво објаснува колку е добро децата да чистат зад себе затоа што станува збор за нивниот простор и дека е убаво кога ќе добијат пофалби или благодарност за тоа, и дека тоа ги прави среќни.
Што мислите за оваа идеја?
Фото: Твитер