Семиња од лен, сусам, сончоглед и тиква – природна борба против ПМС! Еве како да ги користите

Споменувањето на хормоните секогаш е некако поврзано со жените, а повеќето од нас, жените, сме доживеале симптоми на ПМС. Нормално, сакаме да ги отстраниме овие симптоми, но како да го направиме тоа на најприроден можен начин?

0
619

Општо е познато дека изборот на храна што го правиме секој ден влијае на нашето здравје. Така, сите веќе знаеме дека погрешниот избор на храна влијае на појавата на дебелина и развој на болести, како и дека начинот на исхрана влијае на менталното здравје. Но, како исхраната може да влијае на хормоните?

Можеби веќе сте слушнале дека месото од домашни животни кои примале хормонски препарати може да доведе до хормонална нерамнотежа. Но, дали сте слушнале дека правилниот избор на храна може да ги избалансира нашите хормони?

Споменувањето на хормоните секогаш е некако поврзано со жените, а повеќето од нас, жените, сме доживеале симптоми на ПМС. Нормално, сакаме да ги отстраниме овие симптоми, но како да го направиме тоа на најприроден можен начин? Некои студии споменуваат дека наизменичното користење на семки во исхраната може да има позитивно влијание врз симптомите на ПМС, иако сè уште никој не излегол со цврсти докази за тоа. Бидејќи семките се здрава храна, кога се користат на контролиран начин, можеби би можеле да го испробаме нивното влијание врз регулирањето на ПМС. Еве за што станува збор:

Цикличната употреба на семиња во исхраната во одреден период од месецот може да влијае на половите хормони како естроген и прогестерон. Позитивните промени што може да се случат се:

Ублажени промени на расположението, ноќното потење и заморот

Регулирање на менструацијата

Намалување на појавата на акни

Менструалниот циклус на жената се состои од: менструација, фоликуларна фаза, фаза на овулација и лутеална фаза. Секоја фаза поминува низ различни хормонални бранувања кои можат да се олеснат со насочено консумирање на семки.

Сега сигурно веќе со нетрпение очекувате да ги откриеме мистичните семиња кои би можеле да бидат решение за вашите проблеми. Но тука нема голема мистика, тие ни се познати подолго време, а станува збор за семињата од лен, сусам, сончоглед и од тиква.

Периодична употреба на семките

Првиот период – лен и семки од тиква

Прв период: менструација и фоликуларна фаза

Од првиот ден на менструацијата до 13-тиот ден од циклусот, потребно е да се консумираат по една лажица лен и една лажица семки од тиква, сирови и свежо мелени, секој ден. Се верува дека хранливите материи во овие семиња го регулираат нивото на естроген, такашто вишокот естроген се врзува за лигнинот кој се наоѓа во лененото и во семето од тиква.

Лененото семе влијае позитивно на сите фази од циклусот. Студиите покажале дека лененото семе може да го зголеми нивото на прогестерон во однос на естрогенот во втората половина на менструалниот циклус, што на крајот резултира во хормонална рамнотежа.

Вториот период – сончоглед и сусам

Вториот период: фаза на овулација и лутеална фаза

Од средината на циклусот, потребно е да се јаде една лажица сончоглед и една лажица семе од сусам, сирови и свежо мелени. Комбинацијата на овие две семиња влијае на растот на нивото на прогестерон, што е стимулирано од состојката ентеродиол што се наоѓа во семето, како и со цинкот од сусамот и витаминот Е од сончогледот. Сончогледот исто така содржи витамин Б6 и селен, кои можат да ги ублажат менструалните грчеви, особено кога се комбинираат со магнезиум.

Можеби сè уште не разбираме како функционира сето ова, но можеме да ѝ дадеме шанса на цикличната употреба на семе во нашата исхрана. Запомнете, никаква промена не доаѓа преку ноќ, па потребно е ова да го практикувате неколку месеци за да забележите позитивни промени.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]