Сѐ повеќе деца кои одат во јасли не јадат цврста храна, туку таа им се блендира. Родителите знаат дека ова не е најдобрата опција ама не сакаат да го признаат тоа.
За жал, ова е вистина што ја оправдуваат со брзиот начин на живот, користат модерна прехранбена индустрија која нуди мека и веќе преработена храна што не треба да се џвака премногу.
Малкумина размислуваат за тоа колку е важно џвакањето не само во процесот на варење на храната, туку и во развојот на говорот кај децата.
Со оглед на тоа дека кај децата има сè повеќе говорно-јазични проблеми, треба да обрнеме внимание на поврзаноста помеѓу џвакањето и развојот на говорот кај децата.
Џвакањето храна е една од првите вежби пред говорот многу важна за развојот на говорниот апарат.
За правилен изговор на гласовите е одговорен јазикот, мускулите на лицето и усните кои само се развиваат со џвакање. Кога детето не јаде цврста храна, овие мускули не се стимулираат и не се доволно оптоварени. Кога давањето цврста храна на детето е одложено, всушност се одложува говорот.
На децата на возраст кога одат во јасли, храната треба да им се исечка, но не премногу. Подобро е детето само да ја става храната во устата, наместо вие да го правите тоа.
Исто така, добро е да му понудите на детето таканаречена finger food, односно храна за јадење со прсти, исечкана храна што може со рацето само да ја става во уста. Децата генерално го прифаќаат тоа со радост. Овој начин на хранење вклучува надзор на родителите.
Важно е детето да ја разбере важноста на оброците. Добро е да јаде со вас на трпеза, да ја почувствува радоста од семејниот оброк. Детето го учи она што го доживува.
Децата најдобро ги прифаќаат новите искуства и вештини кога се помлади. Не дозволувајте брзиот начин на живот, стравот од задушување или нередот што сигурно ќе го направи да влијаат на развојот на вашето дете. Родителот најдобро ќе препознае кога детето е подготвено да џвака, а нашиот совет е тоа да биде пред да почне да оди во јасли.
Фото: Pixabay