Дозволено ти е да ја гушнеш својата внука (ВИДЕО)

Откако се вакцинирала против ковид 19, една баба добила од својот лекар рецепт на кој пишувало дека сега ѝ е дозволено да ја гушне својата внука. Нејзината ќерка Џесика Шоу објавила на Твитер фотографија од лекарскиот рецепт и видео од нивната прегратка

0
208

Американката Џесика Шоу објавила на твитер фотографија од лекарскиот рецепт што го добила нејзината мајка од својот лекар откако се вакцинирала против ковид-19.

На рецептот на лекарот пишува: „Дозволено ти е да ја прегрнеш својата внука“.
Заедно со фотографијата, Шоу објавила и видео од прегратката на бабата и нејзината внука, прва после една година.

Бабата плаче во емотивната прегратка на нејзината внука, а објавата е споделена неколку илјади пати. Ова видео допрело многумина кои со месеци чекаа на моментот кога ќе можат да ги прегрнат членовите на семејството и пријателите.
Бабата, откако ја примила втората доза на вакцината против ковид-19, за Си-Ен-Ен изјавила дека ќе ја памети оваа прегратка до крајот на животот.

Фото: Твитер

[better-ads type='banner' banner='999' ]