Новите услови за живот го сменија секојдневјето, па поради пандемијата, луѓето сѐ повеќе време минуваат во своите домови пред екраните на паметните телефони, компјутерите и телевизорите. Сепак, ова не е добро, особено за децата на рана возраст.
Како што пишува „Кликс“, последново десетлетие се појави нов поим во психотерапевтската терминологија – т.н. „екранизам“, кој е поврзан со негативното влијание на екранот врз мозокот, особено кај малите деца.

Гледањето во екран е директно и индиректно поврзано со неврокогнитивниот развој на децата.
Ако вашето дете не прифаќа соработка и одбива да престане да користи мобилни телефони и други паметни уреди, ова секако е аларм и прв симптом на оваа состојба кај детето.
Исто така, еден од знаците е отсуството и слабата концентрација за одредени активности. Децата, исто така, се префрлаат од една во друга активност, без претходно да го завршат започнатото.
Според стручњаците, ‘екранизмот’ може да се претвори во социјално нарушување, бидејќи децата одбиваат да комуницираат со околината поради прекумерната употреба на технологијата. Навременото дејствување е многу важно за детето да има правилен раст и развој. Тоа особено важи кај децата под три години. За родителите е важно навремено да забележат промени кај своето дете и да побараат помош.