Очекувајте многу испади на бес кога денешните бебиња ќе тргнат на училиште

Повеќе отколку за децата опседнати со екраните, треба да се грижиме за родителите кои целосно се исклучуваат кога се фокусирани на паметните телефони.

0
223

Паметните телефони се виновни за многу лоши работи – сообраќајни несреќи, проблеми со спиењето, проблеми во врската, недостаток на емпатија, лошо влијание на самодовербата… Всушност, полесно е да се направи список на лоши работи што ги донесоа отколку список на добри.

И без оглед на тоа, можеби најголемиот проблем што ни го донесоа паметните телефони, сепак останува недоволно забележан и потценет. Тој проблем го вклучува детскиот развој, но не е тоа што мислите. Не, не станува збор за прекумерната и предвремена употреба на екраните од страна на децата. Повеќе од децата опседнати со екраните, треба да се грижиме за родителите кои целосно се исклучуваат кога се фокусирани на паметните телефони.

Фактот што ја ставаме ‘на маса’ темата за прекумерна употреба на телефоните од возрасните, не значи дека го намалуваме значењето што го има прекумерното гледање во екраните кај децата и штетата што ја предизвикува.

Ниту една разумна личност всушност не може да ги доведе во прашање штетните ефекти од престојот на детето пред екранот, доколку тој престој трае подолго од оној на отворено. Бидејќи, секоја минута од времето поминато со уред е минута од времето што не се троши во активно истражување на светот и комуникација со човечки суштества.

И сигурно на нашите или на други страници кои се занимаваат со темата воспитување на деца, досега прочитавте десетина текстови што се занимаваат со темата изложување на децата на екраните, а веројатно ниту еден што зборува за проблемот на родителите кои се заковани за нивните телефони. На сите им е јасно дека тие не си штетат само на себе, туку и на своите деца, кои треба да се борат со овие мали екрани за родителското внимание.

За да ја разбереме важноста на директната комуникација со вашите деца и колкава штета им носи на нив поделеното внимание, ви ги претставуваме резултатите од три експерименти кои го докажуваат она за што зборуваме.

Мандарински јазик

Деветмесечни бебиња биле поделени во две групи. Едната група поминала неколку часа слушајќи ги мандарински во директна, жива комуникација и после тоа биле во состојба да изолираат одредени фонетски елементи на јазикот, за разлика од другата група бебиња кои ги слушале истите инструкции и разговор ги слушале преку екраните.

Всушност, има сè повеќе студии кои ја докажуваат неизмерната важност на директната конверзација. Јазикот е всушност најсигурен начин да се предвидат достигнувањата на детето во идното школување, а клучот за добро развиените јазични вештини се всушност честите, секојдневни разговори помеѓу децата и возрасните.

Во ресторан

На почетокот на минатата деценија, истражувачите во Бостон набљудувале 55 родители / старатели со деца во рестораните. Од оние 55, 40 го поминувале поголемиот дел од своето време гледајќи во своите телефони, некои од нив целосно ги игнорирале децата. Како што се очекувало, многу од децата почнале да бараат внимание и повторно биле игнорирани.

Учење на зборови

Со нивните двегодишни деца, 38 мајки биле воведени во една соба. Потоа, на мајките им било кажано да ги научат своите деца по два нови зборови и на секоја од нив ѝ бил даден телефон за да можат истражувачите да ги контактираат од друга просторија. Децата на оние мајки кои биле прекинати од истражувачите неколку пати не успеале да ги научат зборовите, за разлика од децата на оние кои не биле прекинати со повици. И најголемата иронија на ова истражување – тие морале да исклучат од анализата седум мајки затоа што не одговориле на повикот! Браво за овие мајки!

Заклучок?

Повремениот недостаток на внимание од родителите нема катастрофални последици, туку може да изгради кај децата упорност и отпорност. Но, хроничен недостаток е нешто друго. И употребата на паметни телефони носи многу семејства во оваа ситуација: родителите кои се зависни од телефони се лутат кога нивното дете ги прекинува. Не само што пропуштаат важни сигнали за недостаток на внимание што детето им го испраќа, туку и погрешно ги толкуваат – како разгаленост и невоспитаност. Поради тоа, тие се лутат, верувајќи дека детето се обидува да манипулира, додека тоа само бара од родителот да покаже дека е тука, да го види и да го слушне.

Решавањето на овој проблем нема да биде лесно. Особено кога ќе земете предвид дека секоја година бројот на деца кои поминуваат поголем дел од денот во институции, од градинка до училиште, кадешто, повторно, немаат доволно можности за комуникација, туку од нив се бара да прифатат едносмерна комуникација, да бидат тивки и да слушаат. Во такво опкружување, децата имаат малку или воопшто немаат можност за спонтана комуникација со возрасните.

Сепак, постои една добра работа зад сето тоа – децата се програмирани да бараат начин да го добијат она што им треба од возрасните. Тие упорно ќе го бараат нашето внимание и ако упорно не сакаме да го менуваме однесувањето, тие ќе се обидат да го направат тоа за нас.

Очекувајте многу, многу повеќе нервози и изливи на гнев кога денешните мали деца ќе тргнат на училиште.

Но, на крајот, ако сте доволно упорни во игнорирањето на нивните повици за комуникација, децата веројатно ќе се откажат. Потребни се двајца за танго, а студиите од романските сиропиталишта му покажаа на светот дека постојат граници на тоа што може детскиот мозок ако нема никој да го поттикне.

И вистината е дека никогаш нема навистина да знаеме колку страдале нашите деца кога не бевме таму за нив, затоа што моравме да го видиме само уште тој имејл и само уште таа една нотификација и само уште тој еден ‘скрол’ низ социјалните мрежи.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Freepik

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]