Колку пати само сте го предупредиле вашиот тинејџер дека незнам дека не се пишува така туку одделно – не знам, или сте го прашале зошто не може да напише ‘не можам’ наместо нмж?! И, каков одговор добивте?! Не знам 🙂 или можеби дури и нез или уште подобро нмп.
Ако ништо не ви е јасно, дознајте подолу кои кратенки кружат во пишаниот свет на денешните тинејџери. И зошто е тоа така, зошто зборовите не ги пишуваат правилно, зошто ги скратуваат фразите, а некои кратки зборови ги продолжуваат?
Тие веројатно би рекле бзвз, значи, безвезе. Освен тоа, тука е и желбата во што пократко време да напишат што повеќе пораки, колку што не би успеале во некој вообичаен ритам со правилно пишување. Бидејќи, тие околу сè се договараат со пораки, а не како нас родителите со повик во која го разработувате целиот план за само неколку минути. Повиците за нив се само нужност кога треба да ви се јават вам.
Значи, да преминеме на „речникот на новото време“!
нмв – нема врска
нез – не знам
нмп – немам појма
отп – отприлика
зих – зихер
ај з – ајде здраво
бзвз – безвезе
нмж – не можам
лкн – лека ноќ
врв – веројатно
вгл – воглавно
род – роденден
суп – супер
фкт – факт
брб – be right back
сис – sister (сестра)
бро – brother (брат)
фон – мобилен
нп – нема проблем
дз – домана задача
одг – одговараш (на пример, одг хем – oдговараш хемија)
идк – I don’t care (не ми е гајле)
гм – good morning (добро утро)
гн – good night (добра ноќ)
jk – just kidding (се шегувам)
lol – laughing out loud (се смеам на глас)
Фото: Unsplash