Промените се тешки. За мали деца, ова вклучува мали промени што се случуваат на дневна основа – спремање за во градинка, градинка, средување, влегување/излегување од када, легнување и слично.
Овие дневни промени се многу чести, а уште почести се моментите кои завршуваат со изливи на гнев и борба за моќ. Од некоја причина, децата честопати се спротивставуваат на овие мали задачи што мора да се извршат за да се премине од една во друга активност. (пример: „Само те молам да облечеш панталони. Зарем толку многу барам?“)
Иако овие маки обично се мали, кога ќе се појават десет пати на ден, тие можат да бидат многу исцрпувачки. Како Монтесори учителка и воспитувачка, Кристина Клемер научила неколку стратегии преку својата работа со деца на возраст од три до шест години, кои ги прават овие промени полесни.
1. Бидете доследни
На малите деца им е потребна и копнеат за доследност. Ако секој ден ги правите работите на ист начин, го правите секојдневниот живот предвидлив и им помагате на децата да се чувствуваат удобно и безбедно. Кога толку многу во животот изгледа неразбирливо, учеството во секојдневните рутини им помага на децата да се чувствуваат смирено.
Се разбира, многу е полесно да се одржат работите предвидливи во јасли, во градинка или во училиште отколку дома. Семејство, пријатели, роднини, патувања и слично. Не мора да биде секој ден ист за децата да се чувствуваат пријатно, за децата да почувствуваат ниво на предвидливост ќе бидат доволни постојаните рутини за работи како облекување, јадење, средување и одење во кревет.
На пример, за да воспоставите постојана рутина за облекување, задолжително облекувајте го вашето дете пред појадок, во неговата соба, секој ден. Не мора да биде точно во исто време секој ден, но треба да биде барем приближно во тоа време секој ден.
Облеката на детето чувајте ја секогаш на исто место, без разлика дали се во плакарот или оставени надвор од плакарот претходната вечер, за детето да знае што може да очекува. Исто така, имајте чисто место кадешто детето може да ги остави своите пижами секое утро и имајте некое специфично место кадешто детето секогаш може да ги најде своите чевли.
2. Забавете
Никој не сака да биде брзан, и искрено, брзањето со мали деца едноставно не функционира. Ако сме под стрес и брзаме, малите деца апсорбираат такво однесување и ги прави нервозни што дополнително води кон нервни сломови и изливи на гнев наместо забрзување на нештата.
Размислете колку реално на вашето дете му треба време да стори нешто и потоа додадете дополнително време на тоа. Ова е особено важно наутро или кога сакате да излезете од дома на време. Исто така, помага ако мислите на таквите ситуации како на квалитетно време со вашето дете, наместо да размислувате за тоа дека треба да направите нешто. Менувањето на пелена или помагањето на детето да се облече може да биде одлично време за поврзување доколку го забавите целиот процес.
3. Вклучете го детето
Обидете се да работите заедно со детето, наместо да правите нешто за него. Охрабрувањето на детето само да избере облека што ќе ја носи, само да ги облече чевлите или само да ја однесе својата чинија до мијалникот – се чини како многу подолг процес, но вклучувањето на детето во дневните рутини ќе му помогне „да ги преземе работите во свои раце“ и ќе се чувствува како ваш способен партнер, што ќе го намали неговиот отпор.
Дозволете му на детето да ја избере својата облека, нудејќи му да избере две или три опции. Забележете кои делови од облеката може само да ги облече. Родителите честопати се зачудуваат кога гледаат како своето дете во градинка само се соблекува и облекува или ги става чевлите и ги врзува врвките. Ако го вклучите вашето дете во процесот, тоа честопати може многу да ви помогне, што ќе биде многу попозитивно искуство и за вас и за детето.
4. Давајте знаци
Експериментирајте со различни знаци за да му дадете на знаење на вашето дете дека еден дел од денот е завршен и дека е време да преминете на друга активност. Во градинка, понекогаш пееме песна за да покажеме крај на активност или плескаме со рацете во одреден ритам за да им дадеме на децата на знаење дека времето на играта е готово или едноставно им даваме визуелен знак како што е седнување во круг за децата да знаат дека е време за читање приказна.
Обидете се со различни визуелни и звучни знаци и гледајте како детето реагира. Јас понекогаш пеам измислена песна за средување на крајот од оброкот за да го потсетам мојот син дека треба да ја расчистиме масата зад нас.
5. Предупредете го детето ако се ближи промена
Некои деца се почувствителни на промени од другите деца, но генерално е добра идеја прво да му кажете на детето дека наскоро ќе следи голема промена во рутината.
Ова може да вклучува работи како патување, пристигнување на гости или земање дете во различно време од вообичаеното. Дури и малите промени во рутината можат на некој начин да ги исфрлат децата од колосек, поради што е важно да се зборува за тоа однапред, дури и ако детето е премногу мало за да има целосно разбирање за тоа што се случува.
Детето учи „патем“ од сите секојдневни ситуации Промените можат да бидат тешки за децата, особено ако се уморни. Затоа, ние честопати се обидуваме да ги забрзаме работите за да дојдеме до тие забавни работи, но само забавувањето и давањето на вашето дете на овие неколку алатки за поедноставни промени, ги прави тие дневни задачи позабавни и за родителите и за децата.
Фото: Pexels