Д-р Брајан Боксер со едно видео одговорил на прашањето на корисниците, но веруваме и на прашањето на многумина од вас. Како децата да добијат на висина?
Овој доктор тврди дека децата можат да бидат повисоки со помош на три едноставни трикови. Имено, тој снимил кратко видео на својот Тикток профил каде истакнал дека 60 проценти од висината на детето е поврзана со генетика, а останатите 40 се исклучиво на детето и неговите навики. Ова значи дека детето може да влијае само на тие 40, се разбира, со ваша помош и поддршка.
„Првиот и секако најважниот услов е да спие околу 8 часот. А тоа во тинејџерскиот период е најважно, затоа што тогаш кај децата се ослободуваат повеќе хормони за раст, а тогаш растат најмногу”, нагласува тој.
Вториот трик е во млекото. Зошто? Пиењето кравјо млеко го стимулира хормонот за раст и им помага на тинејџерите да добијат на висина.
Трет и можеби најчуден трик е кревањето тегови. Како што вели, со помош на тегови, детето учи како правилно да ги држи телото и ‘рбетот, а тоа придонесува за подобар раст.
Фото: Freepik