Според педијатрите и експертите за безбедност, постојат некои работи што никогаш не треба да се наоѓаат во детската спална соба или во просторот кадешто детето си игра.
Гласни играчки
Секое дете во одредена фаза ќе сака гласна играчка, но тоа не е нешто што педијатрите би го вклучиле во списокот на безбедни артикли. Причината? Екстремно гласните играчки можат да придонесат за губење на слухот, особено кај новороденчињата.
Студија спроведена од Здружението за вид и слух открила дека некои популарни играчки можат да предизвикаат оштетување на слухот во рок од 15 минути по употреба.
Нестабилен, тежок мебел
Мебелот што не е прицврстен на ѕидот не треба да биде во детската соба. Експертите велат дека детето може да преврти тешка маса, кревет, плакар или друго парче мебел и да се повреди.
Закачалки, остри агли и лошо обработено дрво се исто така работи што се сметаат за опасни. Исто така избегнувајте тешки уметнички дела, огледала и кршливи предмети.
Дубаци
Оваа тема постојано предизвикува дебата. Иако многумина веруваат дека им помага на бебињата да се движат, експертите тврдат дека не го поддржува здравиот развој на детето. Покрај тоа, на нестабилен терен може да предизвика повреда на детето. Затоа, најдобро е да го чувате подалеку од детската соба, особено кога детето не е под надзор.
Ролетни со долги јажиња
Прозорците се важни затоа што свеж воздух и сончева светлина влегуваат низ нив во просторијата, но ако детето не е под надзор, тие можат да претставуваат ризик. На пример, со долгите врвки од ролетните детето може да се удави.
Штекери и апарати
Сите уреди се опасни за децата, како и незаштитените приклучоци на ѕидот. Лабавите завртки исто така можат да го зголемат ризикот од задушување, а опасни се и столните ламби што децата можат да ги повлечат и да се повредат.
Заштите ги приклучоците и апаратите и чувајте ги подалеку од дофат на децата. Обезбедете се сите кабли да бидат безбедно прицврстени и уредите да се исклучени кога не се користат.
Одредени растенија
Иако домашните растенија даваат свежина на просторот во кој се наоѓаат, некои од нив се отровни за малите деца. Пред да го внесете растението во домот, проверете дали е опасно за детето, ако е алергично на него и ставете го надвор од дофатот на детето.
Додатоци во креветчињата
Креветчето секогаш треба да биде празно. Социјалните мрежи популаризираат големи перници, завеси и кадифен играчки, но сето тоа се работи што го попречуваат спиењето на детето и претставуваат ризик.
Телевизори
И, конечно, мора да се споменат телевизорите. Прекумерното гледање телевизија придонесува за престојување во затворен простор, но исто така го зголемува ризикот од дебелина, лоши навики во исхраната, когнитивни и развојни нарушувања и нарушувања на спиењето.
Фото: Freepik