Воспитување или лицемерие? Постои огромна разлика

Кога сакате да им пренесете одредени вредности на вашите деца, единствениот можен начин да го направите тоа е со пример. Никогаш немојте да им кажувате: „Јас грешам, ама јас сум веќе во некои години кога е доцна да се сменам, па затоа ти учи од моите грешки“.Ова се лекции на мрзливите родители. Оние на кои не им е доволно грижа за да се сменат себеси поради децата. И ова се лекции кои не вредат.

0
140

„Колку пати ви реков да јадете на трпезариската маса? Дали повторно јадете во фотелја пред ТВ?“ За тоа време или половина час подоцна, таткото седи во фотелја и јаде сендвич додека го гледа натпреварот.

Овој пример јасно илустрира дека детето нема да го прави она што ќе му го кажат родителите, туку она што го прават неговите родители. Со други зборови, тоа едноставно значи дека примерот што ќе им го дадете е оној од кој ќе научат.
Постои научно објаснување за ова и се нарекува теорија на огледални неврони, кои се активираат од раѓањето на детето и им овозможуваат на бебињата да ги имитираат движењата на возрасните и да учат.

Што треба да направите?

Воспоставете распоред и правила

Ова е една од најтешките задачи за родителите. Децата не сакаат да одат во кревет во времето кога ќе им биде кажано, ним секогаш им недостасуваат тие пет минути. Па, уште пет.

Кога станува збор за спиење, општата атмосфера во куќата е многу важна. Во времето кога децата треба да легнат, па дури и малку пред тоа, треба да ја прилагодите целата околина. Исклучете ги светлата што е можно повеќе, исклучете ги или целосно намалете ги уредите, обидете се да го правите тоа секоја вечер во исто време.

Кога ќе пораснат малку и ќе дојдат во тинејџерски години, воспоставете заеднички правила. На пример, никој не смее да биде надвор од куќата по 21 часот, освен ако не станува збор за работа или обврски. Меѓутоа, ако во тоа време често сте надвор од дома, очекувајте и вашето дете ќе дава отпор. Ќе ве замоли да му верувате и да се однесувате кон него како кон возрасен. Затоа трудете се и вие да го почитувате ова правило. Така ретко ќе се случи да имате расправии и дискусии со вашето дете на оваа тема.
Истата работа е со цигарите, алкохолот или газираните пијалоци. Присуствував на сцена во кафуле каде келнер се приближуваше до масата каде што седеа мајка и 7-годишно дете. Келнерот праша што сакаат, на што детето одговори „Кока-кола“. Мајката тогаш одржа кратко, трпеливо предавање за тоа колку е штетен и полн со шеќер овој пијалок. Детето неволно го прифати објаснувањето и нарача овошен сок. Келнерот се сврте кон неговата мајка и ја праша што сака. „Кока-кола за мене“.

Тоа не е воспитување. Тоа е лицемерие.

Пренос на вредности

Кога сакате да им пренесете одредени вредности на вашите деца, единствениот можен начин да го направите тоа е со пример. Никогаш немојте да им кажувате: „Јас грешам, ама јас сум веќе во некои години кога е доцна да се сменам, па затоа ти учи од моите грешки“.

Ова се лекции на мрзливите родители. Оние на кои не им е доволно грижа за да се сменат себеси поради децата. И ова се лекции кои не вредат.

Значи, ако сакате да ги научите да ги почитуваат своите родители, започнете со почитување на вашите родители, но исто така и на вашите деца. Почитта е заемно чувство. Ако сакате да ги научите дека училиштето е на прво место, не ги носете на море во септември, бидејќи ви е така попогодно. Ако сакате да ги научите да ги почитуваат луѓето без оглед на нивниот социјален или материјален статус, персирајте ги подеднакво и тетките кои чистат во училиштето и професорките.

Многу родители веруваат дека правилата дома важат само за нивните деца. Некои веруваат дека почитувањето е еднонасочна вредност што треба да оди од нивните деца кон нив. Постојат голем број на такви примери и однесувања што родителите ги очекуваат од своите деца, а кои понекогаш не ги поседуваат.

Ве предизвикуваме да бидете пример за вашите деца. Заменете ги критиките, приговорите и етикетите со искреност и со давање на пример. Можете ли да го направите тоа?

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]