Основното училиште Кајзерица во Загреб објавило сериозно предупредување до родителите. Според нивната официјална веб-страница, меѓу учениците се појавила нова опасна игра, односно нов предизвик.
Го пренесуваме соопштението во целост:
„Драги родители,
Во разговор со учениците се дојде до сознание дека постои нова игра што се шири меѓу учениците.
Се состои од предизвик ученикот да легне на средина од улицата додека автомобилот не се приближи, а потоа треба брзо да се тргне. Учениците потврдија дека меѓу нив има такви кои така играат!
Опишаниот предизвик се чини дека потекнува од социјалната мрежа Тик Ток што ја користат и на која се активни некои од учениците.
Обрнете внимание на содржината што им е достапна на децата, особено кога станува збор за опасни активности како наведената.
Исто така, дефинитивно треба да им се ограничи пристапот до социјалните мрежи и да се следат нивните активности.
Стручната служба на училиштето“.
Фото: Pixabay