Осумгодишно девојче нашло начин како да ја избегне онлајн наставата

Корисникот на Твитер, Мајк Пиколо сподели брилијантна приказна за тоа како неговата осумгодишна внука успеала да ги измами родителите, наставниците, директорите, па дури и тимот за техничка поддршка на Зум.

0
903

Мајк Пиколо, корисник на Твитер ја споделил приказната за неговата осумгодишна внука која со својот трик успеала да ги измами возрасните околу неа, па дури и тимот за техничка поддршка на Зум и да ја избегне онлајн наставата.

Како што објаснил Мајк, неговата сестра има три деца. Сите се ученици и поради пандемијата, мораат да следат часови преку Интернет, преку апликацијата Зум. Еден ден, апликацијата на неговата осумгодишна внука „мистериозно“ престанала да работи на сред час. И покрај тоа што мајка ѝ цел час се обидувала да ја оспособи, таа не успеа повторно да се пријави и едноставно претпоставила дека станува збор за чудна техничка неисправност. Не успеале да го решат проблемот со апликацијата во следните два дена, па мајката морала да ѝ објасни на наставничката дека нејзината ќерка не може да посетува настава.

Таа се обидела да активира Зум во друга куќа, поминала еден час на телефон разговарајќи со техничката поддршка, а наставничката дури се обидела да создаде нов состанок за целиот клас во надеж дека девојчето ќе може да има пристап до него – сето тоа без успех.

Бидејќи проблемот изгледал нерешлив, во следните две недели, оваа мајка немала друг избор освен да се посвети на „улогата на учителка“ и да почне сама да ја школува својата ќерка дома.

На крајот ја испратила ќерка ѝ да се обиде да следи часови од компјутерот на нејзината пријателка. Девојчето не претпоставувало дека пријателката на нејзината мајка, поминувајќи зад нејзиниот грб, видела што прави.

„Таа ја набљудувала кришум од друга просторија, од која мојата внука не можела да ја види. После околу еден час поминати на Зум, мојата внука повеќе не можела да издржи, па решила да го направи својот трик”, напишал Мајк и додал дека девојчето се одјавило од профилот, а потоа околу 20 пати по ред внесувало погрешна лозинка.

„Она што мојата внука го сфати е дека кога ќе се најавите со погрешна лозинка, Зум ќе ја заклучи вашата сметка за одредено време. Колку повеќе пати го правите тоа, толку подолго ќе треба да чекате за да се вратите на Зум. Таа исто така, забележала дека грешката што му ја покажува на корисникот кога неговата сметка е заклучена е „Неточна лозинка“, наместо „вашата сметка е заклучена“, додал тој.

Така, во текот на три недели, осумгодишното девојче успеало да измами дури осум возрасни лица кои се обидувале да го решат нејзиниот проблем со употребата на апликацијата.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]