Како што се однесувате вие со децата, така и тие ќе се однесуваат со вас!

Ви откриваме зошто е важно да се однесувате трпеливо и со почит кон децата! Иако на почетокот ќе ви се чини дека многу работи не стасувате, повеќе време потрошено сега, дефинитивно ќе ви се исплати подоцна

0
172

„Родител кој гледа на детето како на личност  со исто достоинство како возрасен, ќе се однесува кон него многу поинаку од оној што гледа на детето како на пасивен примател кој мора нешто да го научи. Начинот на кој се однесуваме кон децата од првиот ден од нивниот живот влијае на нашата врска подоцна кога ќе имаат 1, 2, 3 и повеќе години, како и целиот нивен живот“, вели Тања Хрватин Шимичиќ, сертифициран едукатор за родители и магистер за рано и предучилишно воспитување и образование, која со задоволство го следиме на Инстаграм.

Сè за што пишува и зборува и таа самата го применува во воспитувањето на нејзината двеиполгодишна ќерка Ева, која секогаш ѝ дава најдобри повратни информации – дека пристапот зад кој стои е единствениот правилен. Така, на оваа тема за однесување кон децата, Тања вели:

„Фасцинирана сум од тоа како реагира моето дете кога при пресоблекувањето постапувам со почит. Наместо да ѝ фрлам маица над главата и да ѝ ја облечам што е можно побрзо, можам да ѝ пристапам такашто ќе ѝ кажам дека сега ќе ја облечам, која рака ќе ја земам прва или ќе ја прашам која таа сака прва да ја облечеме и ѝ давам простор да одговори пред да почнам со облекувањето. И така чекор по чекор“.

Но, зошто е важно да се однесуваме со децата толку трпеливо и со почит?

„Децата тогаш многу помалку се спротивставуваат и учествуваат повеќе затоа што се чувствуваат почитувани и активни. На овој начин, детето го прифаќа верувањето дека светот е безбедно место за него, и тоа е темелот на сè во животот. Кога ќе им пријдеме на овој начин, тие исто така добиваат порака дека туѓото тело треба да се почитува, а потоа ќе го почитуваат и телото на другите деца – многу поретко ќе удираат, туркаат, боцкаат. Затоа што неговите родители го почитувале неговото тело такашто забавиле, најавувале, кажувале што прават.

Од личнонискуство – функционира совршено. Реакциите на начинот на пристапување се толку видливи. Чекор по чекор, се создава однос на доверба. Тогаш, детето многу помалку ги тестира границите на непожелното однесување“, вели таа, наведувајќи друг пример од секојдневниот живот.

„Исто е, на пример, со бришењето на носот – само доаѓаме и им го бришеме, па дури и од зад грбот на детето. Или доаѓаме пред детето и му кажуваме, ќе ти го избришам носот, чекаме една секунда за неговиот одговор и потоа го бришеме. Ако детето бега, не е важно. Ќе го запреме и ќе го избришеме“.

Немам време за тоа, ќе речат многу родители, кои имаат еден куп одговорности, а утрата обично им се состојат во тоа набрзина да ги облекуваат своите малечки за да ги однесат на време во градинка и да се фатат за работа.

„Обично се вели – кој има толку многу време – да, потребно е малку повеќе време, но резултатите се такви што имаме многу помалку проблеми со детето што ни го одземаат времето. Значи ние сме всушност во плус со времето“, објаснува Тања и заклучува дека ваквите моменти се многу важни, бидејќи тие се моменти на поврзување со детето. И колку повеќе од нив имаме, толку помалку ќе има влечење за ногавици и барање постојано да си играте со нив или да бидетее близу до нив.

Тања веќе неколку пати зборувала за вакви важни моменти на поврзување. Имено, многу родители ќе признаат дека често немаат време да си играат со своите деца после осум часа работа и дека многу би сакале нивните деца да научат да играат сами. Затоа таа посочува: „Она што на децата им треба не е да играте со нив во одредено време секој ден, туку им треба нашето присуство. Активности како што се хранење, капење, заспивање се всушност активности во кои можеме и треба да се поврземе најмногу со децата. Тогаш треба да бидеме присутни. Присуство значи набљудување на децата без судење, набљудување што прават, како го прават тоа, гледање во длабочините на нивните души. Ќе видите колку убаво ви возвраќаат. И, како реагираат на нашето присуство тогаш кога не се однесуваат онака како што ние би сакале? Присутноста е навистина решение! Подарете им ја на децата. Тоа нека биде број 1, а дури потоа играта со нив околу што чувствувате толку многу вина, затоа што не си играте доволно или затоа што тоа детето постојано го бара од вас“.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]