Од овој месец секој Италијанец за својот 18. роденден ќе добие 500 евра „бонус за книги“

Оваа сума младите Италијани ќе можат да ја искористат и за купување на билети за театар, кино и музеи

0
263

Сите Италијанци кои ќе наполнат 18 години во периодот помеѓу 3.ноември 2016 и 31. декември 2017 година (ова може и да се продолжи) ќе добијат од владата сума од 500 евра што ќе можат да ги искористат за посета на културни настани или за купување на книги. Ова е дел од иницијативата на италијанската влада за збогатување на животот на нејзините жители.

Осумнаесетгодишниците ќе можат да пристапат до овој фонд преку апликација наречена 18app и ќе можат да го користат за купување на книги, за посета на театарски претстави, за концерти, за одење во кино, во музеи, за патувања во национални паркови и слично.

Оваа мерка ќе ја чини италијанската влада 290 милиони евра, но потсекретарот на Парламентот, Томазо Наничини вели дека се ова добро искористени пари.

„Иницијативата испраќа јасна порака до младите, потсетувајќи ги дека и припаѓаат на заедницата која на овој начин им посакува добредојде откако ќе дојдат на оваа возраст”, изјави тој за италијанските медиуми.

„Тоа, исто така, ги потсетува колку е важна културата, како за секоја личност одделно, така и за јакнење на структурата на нашето општество“.

Апликацијата мора да се симне пред крајот на годината, дури и ако роденденот на корисникот паѓа во 2017 година, и обезбедува печатење и преземање на ваучери издадени од страна на Министерството за култура.

Следната година, сличен проект ќе биде спроведен и за наставниците, на кои ќе им бидат доделени по 500 евра кои ќе ги искористат за развој на нивната кариера.

[better-ads type='banner' banner='999' ]