Фотографии од бремена жена со рак на дојки

Австралијанката Кими Максвел се надева дека споделувањето на фотографиите ќе помогне да се подигне свеста за оваа болест

0
391

kimi-maxwell-cancer.jpg

Кими Максвел од Перт Австралија добила рак на дојка во 2013 година за време на бременоста со нејзиното второ дете.

По двојната мастектомија во поодмината бременост таа одлучила да направи фотосесија како спомен на победата над ракот.

Храбрата мајка позира покажувајќи ги своите победнички бицепси и додека на нејзините гради стои натписот: „Јас преживеав“, под стрелката која покажува кон нејзиниот труднички стомак, пишува: „И јас“.

Ким ги споделува своите смели и интимни фотографии со надеж дека ќе се подигне свеста за влијанието на ракот на дојката, особено за време на бременоста.

kimi-maxwell-breast-cancer.jpg

Фотографиите ги направил фотографот Ники Фишер Холмс, кој одлучил да ги постира фотографиите на Фејсбук преку страната на австралијанската блогерка Констанс Хол во обид да ја сподели приказната на Кими.

Откако го видела постот, Кими која речиси ја завршила реконструктивната хируршка интервенција на гради и е во ремисија, искоментирала велејќи дека се чувствува одлично поради тоа што нејзината порака е пренесена на таков прекрасен начин, преку овие фотографии.

Од продажбата на секоја фотографија од својата серија портрети Ники донира по 10 долари за истражување на ракот на дојка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]